Автомобили > Генерално за Автомобилите

Растојание на штрафови кај сите возила и мерење на истото

<< < (31/34) > >>

FiLo:

--- Цитат: Van на 20 Април 2016, 02:29:23 am ---Скапа работа тоа момент клучот. Јас со нога ги стегам, јбг не сум толку јак на рака за да бидам сигурен дека добро сум ги стегнал...

--- Крај на цитатот ---

Клучот ке го ставиш во водоводџиска цефка долга меѓу 50 и 100 цм и со рака ке стегнеш.

SaleSk:

--- Цитат: Van на 20 Април 2016, 02:29:23 am ---Скапа работа тоа момент клучот. Јас со нога ги стегам, јбг не сум толку јак на рака за да бидам сигурен дека добро сум ги стегнал...

--- Крај на цитатот ---

Ако не се лажам во Хубо видов едни момент клучеви кои чинеа не повеќе од 2000 денари, што е одлична понуда кај нас.
Можеш и преку интернет да си порачаш.
:)
Јас кога бев во Германија си го начекав за топ цена и го купив :)
Тука во МКД никогаш нема да имаш прилика да го купиш за нормална и разумна сума :)

Luki Junior:

--- Цитат: MecheTo на 19 Април 2016, 23:27:21 pm ---...

--- Крај на цитатот ---

Нормално дека разликата не е голема. Момент клучот барем помага во стегањето да знаеш каде е горната граница на стегање без да се замараш дали е малку или многу. 
Инаку, се согласувам дека штрафовите најмногу се расипуваат од неправилно навртување и од нештелувани пиштоли. Да речеме вулканизерот во моето село користи пиштол ама никогаш не ги врти штрафовите пребрзо, и не ги стега со пиштол, туку со момент клуч. Некој да го гледа, ќе си помисли дека човекот е калпав, или светска мрза. Ама досега никогаш нема оштетено штраф/гума/бандаж со таква работа.

Заради екстра сигурност, јас си купив штрафови  и за зимските гуми. Златна резерва.  ;D

Van:

--- Цитат: SaleSk на 24 Август 2014, 22:12:43 pm ---Фала ти Влатче. Значи тој од лево што е на иста страна со Илија?

--- Крај на цитатот ---
Сале колку точно од Илија е оддалечен дуќанот (за штрафовите), и дали ти текнува како се викаше?
Авто Клима да не е?

onak:

--- Цитат: Van на 20 Април 2016, 02:29:23 am ---Скапа работа тоа момент клучот. Јас со нога ги стегам, јбг не сум толку јак на рака за да бидам сигурен дека добро сум ги стегнал...

--- Крај на цитатот ---

не е скапа затоа што имаш за околу 600-700 денари момент клуч, наместен и подесен само за стегање бандажи... значи без опција за да мењаш тежина туку е фиксен отпорот... го купуваш клучот плус уметакот за твоите штрафови (15, 16, 17, 19, 20, 21, 22) зависи кој уметак ти треба за твојата кола... сетот со овие уметаци со сите броеви е околу 1000 денари...

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија