Автомобили > Генерално за Автомобилите
Патување во странство
A6:
Барав на форумот но не најдов она што ми е потребно а тоа е информации и искуства да се споделат околу планирани патувања во странство со автомобил или моторцикал.Јас планирам да патувам за Германија со рута -Србија.Хрватска,Словенија,Австрија и конечна цел Германија.Потребни ми се информации што е потребно да знам за да патувам со автомобил и кои трошоци отприлика ми следат,какво осигурување е потребно да имам,патарини и други потребни работи за кои треба да бидам подготвен.Темава ја отварам не само за патување за Германија туку и други земји.По искусните членови на форумов може да споделат информации за по сигурно и безбедно патување и избегнување на непознати трошкови.(доколку смета админот може да пре уреди постот или префрли темата во друг дел).
velestrumf:
Патните трошоци се концептуално исти, со тоа што за мотор се нешто поевтини отколку за кола (нормално).
- Патарини: Македонија, Србија, Хрватска (не знам точно како стојат сега, ама Србија мислам некои 16ина евра, а Хрватска накај 20). @marjanot скоро ја возеше рутата, па еве, да се јави на главна каса.
- Вињети: Словенија (7 дена, 8 € мотор, 16 € кола), Австрија (10 дена, 4.9 € мотор, 12.4 € кола)
- Тунели: Словенија (Караванке 8.8 €), Австрија (накај Салцбург - 14.5 € сигурно, ама може заборавам некој.) Во Австрија во моментов на А10 (Вилах - Салцбург, односно од Словенија накај Германија) санираат некои 3-4 тунели, и е биџ мајџин со застои, чекања, преусмерувања итн итн.
- Осигурување: нормалното осигурување за возилото + препорачливо е патно осигурување со колку толку добро покритие.
Во Германија немаш патни трошоци.
Гориво е препорачливо да се става откако ќе влезеш во Хрватска, оти на Србите не им е баш најдобро горивото, ем последен пат кога бевме со кола, цената по литар беше повисока отколку во Австрија и Словенија.
Ако возиш кола, обезбеди си рефлектирачки елечиња за СИТЕ патници во возилото и најди им место во кабината.
Carpathian Lord:
Да, тоа што кажа Велештрумф, во Австрија имаш две наплати Караванке и пред Салзбург има една наплатна, нели плус вињета.
Вињетите јас сите онлајн ги извадов, а за Караванке имаш патарина и таму купив за да поминеш. Тоа накај Салзбург е исто со патарина.
Имај во предвид за Австрија дека не знам колку дена унапред треба да ги извадиш вињетите ако ги купуваш онлајн!
Друго мислам тоа е тоа.
Што се тиче бензин, јас од секаде бев задоволен исто освен Србија. Србија полнев пред Нови Сад на сам автопат и најлош бензин беше. На другите места турав кај ќе стигнев.
Загреб турив бензин тука
Чешка после тоа тука (најевтин бензин во Чешка)
Па пак Чешка турив тука (се враќав од Дрезден)
Србија турив на МОЛ тука ама лош во споредба со другиве.
kimi makedonski:
--- Цитат: velestrumf на 19 Јуни 2025, 14:15:10 pm ---
Ако возиш кола, обезбеди си рефлектирачки елечиња за СИТЕ патници во возилото и најди им место во кабината.
--- Крај на цитатот ---
Може повеќе инфо за ова? Мислам некој закон е некаде?
A6:
Вињетите јас сите онлајн ги извадов... може инфо од која страница ги извади и колку дена е чекањето?
Дали некој користел наш мк мобилен оператор и како е искуството или се зема странски број?
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија