Автомобили > Генерално за Автомобилите
Проблем со компјутер на Passat B7 1.6TDI
Pane24:
Долго време го следам форумов и не сум баш по автомобиливе :D
Освен ако има некоја мака автомобилот што не можам да ја решам и да најдам соодветен сервисер за тоа.
Станува збор за vw passat b7 1.6TDI 2012 год. Ми јавува грешка 01314 на VCDS дијагностиката во полето - Engine, Instruments.
Симптоми:
-Папучата за гас кога е во лер возилото не сака да крене над 2500 обртаи. Додека е во брзина ставено си возе нормално и крева над 3000 обртаи.
-Темпоматот односно Cruise Control не работе воопшто ниту дава некој знак.
Останатите функции си работат сосема нормално, возњата е нормална..
Дали овој проблем можам да го решам самиот или ако чита тука некој сервисер да се нафате да го среде?
nestor04:
Може да го средиме, но се наоѓаме во Прилеп. Ако се одлучиш контактирај ме во пп да ти дадма контакт.
Pane24:
--- Цитат: nestor04 на 04 Септември 2024, 14:36:25 pm ---Може да го средиме, но се наоѓаме во Прилеп. Ако се одлучиш контактирај ме во пп да ти дадма контакт.
--- Крај на цитатот ---
Не ми е баш близу пп... Инаку возилото го возам секојдневно, колку време трае сервисирањето информативно?
nestor04:
Не можам точно да ти кажам за жал бидејќи може да е реле, може да е инсталација, а може и компјутерот да е... Провери го најпрвин релето 109 и замени го.
Dimac:
Папучата за гас има софтверска заштита и не дозволува обртаите да одат над 2500 обртаи кога е во лер возилото...истото е и кај Пасат Б8
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија