Автомобили > Генерално за Автомобилите
Загубен Клуч Голф 6
Маркер:
Здраво луѓе, ако може мала помош. Денес го загубив клучот от голф 6, а резерва немам. Колата е отворена моментално, дали има шанси да се направи нов, дали ке има проблеми со палењето, дали има кодови и некои слични работ?
Колку е комплициран процесот и дали е скап?
Ако може некој што има искуство да сподели некои совет би бил благодарен.
nestor04:
Две опции се достапни според мене:
1. Одиш на клучар, ти режат клуч според бравата, му ставаат чип внатре, па потоа одиш кај друг дијагностичар (или пак истиот кој прави клучеви, ако го работи тоа), читате pin од immo и преку VCDS кодирате. Ова е подобро.
2. Одиш на клучар, ти режат клуч според бравата, одиш кај дијагностичар/тјунер и ти гаси имобилајзер. Малку е понесигурна колата така бидејќи и без кодиран клуч може да ја запали и украде. Но, тој што се решил да краде е спремен на сѐ, така да сеедно ти е.
Маркер:
Фала ти другар на советите, јасно. Практично и двата начина се слични самошто кај едниот имаш кодиран клуч за побезбедно возило.
А дали тоа ке значи дека ке морам рачно на бравата да ја одклучувам колата ако нема кодиран клуч?
nestor04:
Има два типа на кодирање - едниот е на имобилајзерот (читај за палење на колата), а другиот е за централно отклучување (преку копче на клучот). За двата треба клучар или дијагностичар. Сѐ си кошта.
zeroSignal:
Голф 6 нема да пали ако не е кодиран клучот. Можеби ќе можеш да ја отклучиш механички колата, ама самата кола нема да запали после тоа. Не препорачувам експерименти во форма на деактивирање имобилајзер и слични други гимнастики. Направи си ја колата како што треба.
Нов оригинален клуч е околу 200 Евра.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија