Автомобили > Генерално за Автомобилите
Merceses A 170 cdi
аллександар:
Дечки ми треба совет и мислење за мерцедес а 170 цди 2001 година дизел. Ми го нудат за ефтини пари а сакам да го земам за сопругата за да се учи да вози. Имам слушано разни муабети од тоа дека се живи кршеви и се често на поправка а други ми викаат па дека се сосема ок аута... ваше мислење?
kimi makedonski:
За да смениш четкички на стартер кои коштаат 500 денари треба да извадиш цел мотор надвор. Мислам дека одговорот зошто се живи кршеви ти е јасен.
nestor04:
A170 ако не е извозен моторот е добро количе, ние имавме А140 и А170 во фамилија, бензинецот за ништо не го биваше, инаку додека беше кај нас сменивме четкици на анласер во овластен за Мерцедес (Ице Тумбе Прилеп) и работната рака за вадење на мотор беше 6000 денари, но тоа не се прави често. Препорачувам декарбонизација бидејќи откако направивме декарбонизација колата продиши (имаше над 300К км). Зимно време многу троши низ град (стар дизел), мислам дека над 9. Накратко тоа е тоа. Внатре има доста простор, ако однадвор изгледа мало, извози ја и размисли си.
Carpathian Lord:
--- Цитат: аллександар на 21 Јуни 2024, 08:18:57 am ---Дечки ми треба совет и мислење за мерцедес а 170 цди 2001 година дизел. Ми го нудат за ефтини пари а сакам да го земам за сопругата за да се учи да вози. Имам слушано разни муабети од тоа дека се живи кршеви и се често на поправка а други ми викаат па дека се сосема ок аута... ваше мислење?
--- Крај на цитатот ---
Има една народна - ако ти го нудат за евтини пари, реално има некоја мака.
Работата е само да си решен психички дека ќе ги решиш тие проблеми.
Главен проблем како што спомнаа погоре со сите А и Б класи е катастрофалниот пристап за работа, а со тоа и поскапо одржување.
Ако е возач почетник (а сакаш евтино да поминеш) се зема кола за која има доста евтини делови и лесна за работа.
Нешто во смисла на Opel/VAG/Ford.
аллександар:
У право си пва ми е од комшија затоа е и по евтина црната. Предложете нешто до 2 000 евра максимум конкретно со линк или број. Битно ми е да има 4 врати пошѕо треба да се вози у него бебе.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија