CARclub.mk ФОРУМ > Возила на Членови
KIA Sportage Anniversary 1.6 T-GDI 2023
JDM4LIFE:
--- Цитат: MAPJAH на 08 Ноември 2023, 04:49:59 am ---
--- Цитат: Busav на 07 Ноември 2023, 23:36:47 pm ---Киава е 100 години пред шкодата... Со здравје да си ја тркалате прекрасна е! Ме интересира дали го виде сорентото и која цена е?
Sent from my SM-A546B using Tapatalk
--- Крај на цитатот ---
Соренто немаше изложено но ќе биде доста по скапо, секако не е опција затоа што е голем. Цената на мојот е 33500еур, овој пакет ќе бил ограничен на 6 месеци, тскс ги разбрав. Многу не сум воодушевен од продавачите во киа.
Sent from my iPhone using Tapatalk
--- Крај на цитатот ---
Честита прво и со здравје да се вози!
Баш, ароганција на ниво и тешка вообразеност, попуст без да се јави некој на повисоко ниво најминимален.
MAPJAH:
Ме сликал Саше денес каде што сум се паркирал (пешачкиот не е загрозен не сум застснат на него). Не доплатив за бојата, така е во пакетот, заедно со црн кров греачи на задни светла “матрикс” ледот итн итн.
Односот на вработените е никаков, среќа што викендот гледав некои тестови па од прилика знаев на што сум.
Се надевам сервисерите се подобри.
Мене ми требаше кола за да извадам пробни таблици (намерно отидов за ск без кола за да се вратам со кола) и им викам, дајте бе кола да извадам таблици, нешто се мрштеа таму, и следува одма прашање, добро бе, ми ги земавте парите и сега не сум ви интересен? И одма дадоа клуч од тестен стоник за да завршам работа.
Утре сакам да одам до Скопје, да му земам гумени патосници и патосник за багажник. Врне денес цел ден ќе засмрдат платнениве.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Sase_91:
Знам да сликнам, нема збор.
BTW: Меганон од позади што се гледа се продава. Одлична цена има а гарантирам дека колата е во супер состојба.
nikola98:
Ако не купуваш патосници, директ од Киа, тогаш побарај гледринг марка на патосници. Ќе најдеш и за внатре, и за во гепек. :)
Ме интересира, дали беше до нисан, да го видиш кашкаито? Мислам дека иста класа се.
MAPJAH:
Не, никаде не отидов, бојата и опремата ептен ми направија мерак. Гледринг тие со отпечаток како траг од гума кога ќе ги видам мрак ми паѓа на очи, ама ако не најдам нешто подобро ќе морам од нив. Патосник за багажник е околу 3000ден, гледринг е ама не ми мења ништо нема да го гледам пред мене секако.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија