CARclub.mk ФОРУМ > Возила на Членови
Kia Sportage 1.6 T-GDI First Edition - 2022
@ILE@:
Колку за евиденција, денеска регистрирано возилото по втор пат, и продолжена каско полисата.
6998 денари полиса за автоодговорност со вклучени патници и 4350 денари регистрација без технички преглед, или вкупно 11348 денари.
Каското е некаде 32000 денари без франшиза.
На сето тоа, добив гратис ваучер од 500 денари за гориво.
За оваа една година вкупно поминати 7000 километри.
Бидејќи нема други вложувања периодов, останува само да се точи гориво и да се вози.
Carpathian Lord:
--- Цитат: kimi makedonski на 16 Ноември 2023, 11:12:34 am ---
Со твојата експолоатација примеров е невалиден. Едноставно ти не ни стигаш до 10к годишно па да биде релевантно дали колата троши масло. Исто како јас сега да кажам дека не се замарам со кадетот дали троши масло иако е 50 годишна кола бидејќи минувам со него само 2к километри годишно и менувам на година масло.
--- Крај на цитатот ---
Каква врска има експлоатацијата во целиот муабет?
Ако праев 30000 годината ќе се замарав? Пак не.
Гарантен рок. Ми е гајле.
Затоа купувам нова кола, затоа купив продолжена гаранција - не да кревам хауба секој месец да се замарам дали нешто било на ниво.
vlatko.klp:
Па незнам дали ќе ти важи гаранција ако ти светне да дотуриш масло а тебе те мрзи да кренеш хауба зошто колата ти е под гаранција.
Carpathian Lord:
--- Цитат: vlatko.klp на 05 Декември 2023, 10:57:38 am ---Па незнам дали ќе ти важи гаранција ако ти светне да дотуриш масло а тебе те мрзи да кренеш хауба зошто колата ти е под гаранција.
--- Крај на цитатот ---
Шосторе вадење од контекст еј ;D
Нормално ќе си се јавам во Порше, нека се замараат тие. Шлеп, најблизок сервис, како год било.
MAPJAH:
Ќе си ги покриеш сам сите трошкови за шлеп и посета на сервис, 1л уље и плус резерва за дотурање. Позитивно е шо ќе заштедиш на штопна.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија