Општо > Автомобилски и Мото-Спортови
Formula 1 - Season 2022
vlatko.klp:
Нема што да чекаш, веќе објавија дека коментарот со педалата бил кога пробувал да излезе од песокот во рикверц после удесот.
https://www.motorsport.com/f1/news/ferrari-clears-up-confusion-over-leclercs-throttle-message-in-french-gp-crash/10342933/
а тоа што самиот тим исто така прави грешки почесто е резултат на немање искуство. Мерцедес и ред бул не станаа тоа што се преку ноќ.
Саинц извозе одлично и прашање е дали требаше пит стоп. Па уште улавите му викаат влагај а овој сред дуел со Перез.
Simo - Carrier159:
Веќе не беше под притисок од Макс, чудно ми е... На радио комуникацијата се слушна дека тротл бодито го обвини. Обично е многу скромен и се извинува кога е негова грешка. Фрустрацијата кажува друго. Здравје, ќе видиме. Влеговме во втора половина од сезонава, има уште можности, но Ред Бул се многу јаки. Болидот им е во одлична кондиција, тактички да не зборуваме. Ќе биде тешко, но сеуште не е невозможно да се бори за титула.
zlatkoa:
На 10 трки до крај на сезона Верстапен има предност од 63 бодови.
Теоретски Леклер треба да има освојува повеќе од 6 бодови во трка од Верстапен до крај на сезона и да нема ниеден кикс.
Дополнително Ферари ќе треба да смени уште барем 2 пати „мотор„ што значи и да се супериорни ќе стартуваат последни.
Така да, нека му е со среќа титулата на Верстапен.
Толку беше од Ферари.
Simo - Carrier159:
Но, да не забораваме дека и Ред Бул може да има слични проблеми, да треба мотор да смени, да се деси нешто непредвидено со болидот на Макс, па дури и макс да не заврши трка поради негов кикс.
Deni:
--- Цитат: Simo - Carrier159 на 24 Јули 2022, 22:48:00 pm ---Веќе не беше под притисок од Макс, чудно ми е... На радио комуникацијата се слушна дека тротл бодито го обвини. Обично е многу скромен и се извинува кога е негова грешка. Фрустрацијата кажува друго. Здравје, ќе видиме. Влеговме во втора половина од сезонава, има уште можности, но Ред Бул се многу јаки. Болидот им е во одлична кондиција, тактички да не зборуваме. Ќе биде тешко, но сеуште не е невозможно да се бори за титула.
--- Крај на цитатот ---
https://youtu.be/C9jgaNnr2aA
На крај од клипов кажува.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија