Автомобили > Генерално за Автомобилите

Мислење, искуства за Мазда CX-5 2.2d

(1/3) > >>

WorM:
Здраво дечки,

Ме интересира дали некој има искуство со Мазда CX-5, конкретно 2.2 дизел мотор со автоматик мењач, од кај 2015/2016 година? Истиов мотор и мењач се вградува и во други модели на мазда.

Дојде време да се пензионира голфот после 5 годишна дружба и 240 илјади километри. Се изнагледав доста пасатти, цц-а, аудиа, волвоа, ама мислам дека Маздата е најопремена за таа цена и според пишуваници, доста робусна на мотор и мењач. Па реков и да повозам малце СУВче. Тестирав една и бев пријатно изненаден од внатрешноста, опрема, возни карактеристики (доста слични возни карактеристики на лимузина).

Конкретно, у преговори сум со овластен од Мазда и најверојатно ќе го земам (после проба деновиве) конкретниов модел од 2016 година, 2.2д 4х4 175 коња (оваа година избацен е и фејслифт), револушн пакет, со доста опрема. Оваа е оставена старо за ново купена и сервисирана од истиот официјален сервисер. Слики подоле.

Читав на нет дека овој мотор е доста испеглан и дека не би требало да има фабрички проблеми и дека автоматикот е исто добар (претходно мазда користеле некој ЦВТ, но после 2012 изработиле свој), но сепак би ми значело нечиво искуство. Некои слики подоле.

Унапред благодарам











zeroSignal:
Повели:

https://www.carclub.mk/2016/03/14/test-mazda-cx-5-2-2-skyactiv-d-ultimate-vo-potraga-po-avantura/

https://www.carclub.mk/2013/11/13/test-mazda-cx-5-skyactiv-d-2-2-4x4-revolution-vistinsko-dinamicno-osvezuvanje/

Автоматиците им се мазни и фино работат, али има пенал во однос на потрошувачка и перформанси. Во секој случај, на вакво возило повеќе му одговара автоматик. Нема да згрешиш.

nikola_bb:
Лепота е колава

vlatko.klp:
Убава кола со одличен мотор и автоматски менувач.

Незнам какви се зимите кај тебе и дали се фрла многу сол, но пред да ја купиш прегледај го подвозјето во каква состојба е дали има фатено корозија зошто се многу склони на овој проблем без разлика за кој модел на Мазда се работи.

Колава е нова и веќе си фаќа по малце корозија. 08:32 09:34 10:47

dbl.dzo:
Мераци е дефинитивно. Пред поласаат само што паркирав, до мене паркираше ист со thule и носач на велосипеди на 5та врата. Изгледа удобен и простран внатре, а не е масивен. Да сакаш да патуваш со него. А да можам понатаму во иднина, скроз би размислувал за вакво нешто.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија