Автор Тема: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03  (Прочитано 21161 пати)

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1708
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« на: Август 29, 2020, 10:37:56 am »
Добар ден, убав ден луѓе.

Конечно одвоив време за да си отворам тема, да си пишувам новости, сервиси, маки, совети како што ми доликува.

Се работи за Alfa Romeo 147 1.9 JTD, произведено во мај 2003та година, 85kw, 8 вентилско возилце :) 

Ќе се водиме според борд компјутерот кој вели дека има досега поминато 177ккм, иако сигурен сум дека има трипати повеќе. Како и да е, за полесна евиденција, нека биде толку.

Во пакет со возилцето доаѓа и:
- темпомат
- двозонски климатроник
- команди на волан
- кожни седишта
- сите есенцијални електронски помагала при возење
- два клуча (механички и електронски)
- електрика на прозори и ретровизори

Возилото го имам нешто повеќе од 4 години, од јули 2016та, па нема да ве замарам со сите сервиси досега направени, ќе ги набројам само тие што ги направив од почеток на карантинов. Среќа си водам цела diy сервисна книшка во форма на ексел табела со датуми и цени и имиња на делови, чисто за мене, не за наредниот купувач :)

За да ви задржам внимание, прво ќе прикачам фотографии, па потоа следи набројување.

Сервисите од годинава се следните:

Април 2020
- Selenia Turbo Diesel 10W-40 - 2100 ден
- филтер за масло Hengst - 600 ден
- филтер за нафта Comline - 920 ден
- филтер за полен Vix - 850 ден
- филтер за воздух Comline - 430 ден
- сијаличка H7 - 200 ден
Вкупно за мал сервис - 5100 ден

Јуни 2020
- Половни алуминиумски бандажи 15'' 5х98 - 6000 ден
- Нови вентили, монтирање на летни гуми и балансирање - 1200 ден
Вкупно за бандажа - 7200 ден

Јули 2020
- горни рамена - 2 х 2100 ден
- потпонки на горни буфери (назад) - 1000 ден
- долно лево рамо - 3300 ден
- лев стабилизатор - 650 ден
- шајбна на радилица - 2500 ден
- центрирање на трап во сервис БоМи - 600 ден
- фул перење на мотор кај Морски - 600 ден
- работна рака - 2500 ден
Вкупно за подвозје - 15350 ден

Август 2020
- линиски каиш Contitech 6PK1835 - 1300 ден
- дихтунг на капачка за вентили - 1000 ден
- поправка на електрика на заден прозор - 1000 ден
Вкупно за ситнурии - 3300 ден

Возилото ми се нашло и повеќе од што треба, ултра економично е, возачката позиција ми е максимално погодено, посебно лани и прелани кога интензивно почнав со фотографијата и видеографијата и по други градови.

Поголеми сервиси кои треба да се направат:
- десен зглоб, десно долно рамо и десен стабилизатор
- дискови и плочки (најверојатно есенва туторијал за форумов ќе правам)
- голем сервис - пролет 2021 заедно со мал сервис

Помали зафати кои сакам да се направат:
- чистење на егр вентил (најверојатно есенва туторијал за форумов ќе правам)
- поправање на LCD дисплејот на климатроникот
- промена на преден браник
- гумица на задна десна врата
- сијаличка на шалт табла за airbag
- промена на рачка за менувач
- промена на гумица за педала од кумплунг
- проверка на амортизери во Авто-Мобил
- промена на заден десен тапацир под полумесецот
- нова пиксна на возачка врата за да се изгуби крцкање при употреба
- зелен картон за времетраење од една година, здравје со ситуацијава

П.С. Нека не ве лаже втората слика дека пишува 16V. Очигледно некој пред мене ја сменил цела 5та врата и максимално ми пречи што е утната, ама тоа е што е :)

Фала за времето и за вниманието *се спушта завеса*  ;D

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1708
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #1 на: Август 29, 2020, 10:52:27 am »
Кликни тука за да го видиш ефектот на K2 BOLD - средство за зацрнување на гумите, постапно чистење на гумите и бандажите.

Отсутен vladimir_

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 212
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #2 на: Август 29, 2020, 10:55:36 am »

Уба алфа,можеше и поубав и поголем бандаж да му купиш :) Тапацирот заден десен под тркалото и јас го оштетив "го излижа тркалото од стружење), ако најдиш здрав половен и за мене земај :)

Sent from my PRA-LX1 using Tapatalk

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4633
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #3 на: Август 29, 2020, 11:00:11 am »
Убави од секогаш ми биле 147 алфите,со здравје да ја возеш 😁.
Тапацири и се за алфите би требало да најдете кај Боби Кичевчаневот,Владимир би требало да го знае од Алфа клубот.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 41028
  • Il Moderatore
    • alfisti.mk
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #4 на: Август 29, 2020, 11:01:45 am »
Бјутифул!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1708
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #5 на: Август 29, 2020, 11:09:18 am »
Уба алфа,можеше и поубав и поголем бандаж да му купиш :) Тапацирот заден десен под тркалото и јас го оштетив "го излижа тркалото од стружење), ако најдиш здрав половен и за мене земај :)

@vladimir_ Тие летни гуми ги имав на располагање од претходно, 195 65 15 па се раководев според нив, ама дефинитивно си заслужува поголем бандаж. Ќе биде в година надежно :)

Убави од секогаш ми биле 147 алфите,со здравје да ја возеш 😁.
Тапацири и се за алфите би требало да најдете кај Боби Кичевчаневот,Владимир би требало да го знае од Алфа клубот.

Ти благодарам, ти благодарам @riki_staff  :D Го знам Боби, го имам прашувано за браник, ама немал, најверојатно ќе има тапацир, само да најдам начин да го стегнам тапацирот, бидејќи на едно или две места е со попнитни а не со плехштраф.

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6327
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #6 на: Август 29, 2020, 11:33:09 am »
За арно за убаво нека е.

1. Димензиите на гумите се погрешни. Затоа и се изел теписонот. 195-60-15 или 185-65-15.
2. Банажи под итно, мин 16. Овие за зимски.  Башка да не се од 156 овие, тие мислам имаат друг офсет?
3. Што е со сијаличката за аирбег?
4. Ако некогаш се решиш да ја фарбаш, друга боја исфарбај ја :)
5. Моторот нема смрт, ако користиш правилно уље. 10-40 не е соодветно. Ќе помине, ама турбото нема да ти рече фала туку (овде иде сликата со тој индиецот со ставени раце на половина)
6. Рамките од таблиците батали ги и прилепи ја таблицата во линија на браник и заштрафи ја.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 419
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #7 на: Август 29, 2020, 12:19:01 pm »
Убава Алфа! Се гледа домаќинско одржување.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1708
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #8 на: Август 29, 2020, 12:31:40 pm »
@AllMightyMe Ќе звучам може кринџ ама после форумов уште повеќе си го засакав возилцето.

1. Теписонот уште од купување беше таков, не се држеше со полумесецот и висеше, ама не ми било примарно да го средам иако ми пара очи
2. Мислам дека се од 156ка, ама пробани се на главини и одговараат. Ама да, плаче за други бандажи и нормално други гуми со поголеми бандажи, можам да разгледам.
3. Портокаловата сијаличка на почеток при старт, при давање контакт мислам дека треба да трепка неколку пати, а кај мене ништо не се појавува
4. Интересна идеја, ќе ја имам на ум :)
5. Баш зборувавме со @changetheoil savethecar и @vladimir_ дека сакам да го сменам на 5W-40 на пролет, дали Пакело или друго од Селениа или Ликви Моли. Многу е гласна во зима, а ги средив сите оил ликс што ги имав.
6. Само за предните таблици велиш да ја следат линијата на браникот или и напред и назад?

@kargh77 Големо фала, ко уште еден човек во куќа да имаш :)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 419
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #9 на: Август 29, 2020, 12:35:48 pm »
@dbl.dzo познато ми е тоа чувство... Кај мене два човека плус се хаха

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6327
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #10 на: Август 29, 2020, 12:40:47 pm »
Само предната таблица, задната секако си е како што треба во лежиштето.

Провери го ET на бандажите. Јас имам 15 челични за зимските гуми. Истите се од ГТВ и имаат друг ЕТ во споредба со 147, односно поизбацени се нанадвор.

Сијалички за аирбег се црвена и жолта. Црвената е за цеокупниот систем, додека жолтата доколку совозачкиот аирбег е исклучен (пример ако ставаш транспортер за бебе напред)
Ако воопшто не се вклучува имаш 2 можности:
1. Сијаличката да е прегорена (малку веројатно)
2. Сијаличката да е замаскирана (многу веројатно, и каја мене беше тоа, среќа Симо откри)

Јас бидејќи поминав низ истото, ако сакаш можам да ти кажам што и како иде постапка, бара време и трпение.

Откако ќе откриеш што е од следниве, иде наредно, дали има грешка во аирбегот или не. За ова отом потом ќе пишуваме.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1708
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #11 на: Август 29, 2020, 12:45:48 pm »
@AllMightyMe За аирбегот - да не ја трујаме темава, кога ќе дојде време да ја отварам шалт таблата, ќе ти се обратам во пп. Исто имам слушнато дека се покрива така сијаличката со силикон или слично средство од внатрешна страна на шалт таблата, така да не си прв случај, ништо чудно и кај мене да е така :)

За таблицата можам да најдам нов браник, да ја пресадам таблицата така без рамката, воопшто воопшто не е лоша идеја тоа.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2484
  • Шалабајзер
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #12 на: Август 29, 2020, 13:05:33 pm »
Многу ме ќефи 147ца, се имам возено во 1.9јтдм 150коња и 1.6 бензинец, стварно убава вожња... Со здравје да ја тркалаш и да и се изнауживаш... бај д веј, истиов ник ти е и на Инстаграм?

Sent from my iPhone XS using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6327
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #13 на: Август 29, 2020, 13:06:59 pm »
@AllMightyMe За аирбегот - да не ја трујаме темава, кога ќе дојде време да ја отварам шалт таблата, ќе ти се обратам во пп. Исто имам слушнато дека се покрива така сијаличката со силикон или слично средство од внатрешна страна на шалт таблата, така да не си прв случај, ништо чудно и кај мене да е така :)

За таблицата можам да најдам нов браник, да ја пресадам таблицата така без рамката, воопшто воопшто не е лоша идеја тоа.

Зошто нов браник?!?

Кога ќе бидеш спремен пиши ми, може и во тема за Алфа, може ќе се најде и за некој друг.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1708
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #14 на: Август 29, 2020, 13:14:47 pm »
@Kikac при купување беше и Стило со истиот мотор со 3 врати, бидејќи Стилото со 5 врати ми е грдо в гзот. И на почеток разгледував прво неколку Стила, ама кога седнав 147ка од другар, не погледнав назад :) Инаку да да, сосема истиот ник ми е и на инстаграм. Ме мрзеше да смислувам друг, а тоа ми е и прекарот  ;D

@AllMightyMe не знам зошто пишав нов, сакав да кажам друг, со ист код на боја, но половен. Моментално тој што го имам е пукнат, и централната маска/решетка се држи на пластични стеги. Плус и ми бараат 100еу за корекција на истиот кај лимар.

Инаку важи, секако ќе ти се обратам, само поголемиве зафати да ги завршам есенва.