Општо > Автомобилски и Мото-Спортови
Македонија добива тркачка патека!
AUUU:
Искрено се израдував на веста што ја прочитав, па мислам дека истата заслужува и тема на форумов:
https://www.carclub.mk/2020/02/17/konecno-makedonija-dobiva-trkacka-pateka/
„Race Track Vitachevo“ – првата тркачка патека во земјава би требало да се изгради во близина на Кавадарци. Па пишете кој што има повеќе информации.
Molec:
Тука ќе треба и еден сервис да се планира, да ги покрие сите чипувани дизел ѕверови.
AUUU:
Мене лично поинтересно ми звучи рентање на нешто мало, лесно и ефтино за на стаза. Не верувам дека чипуваниот ми голф со 1.500кг ќе издржи повеќе од 10 минути на стаза (у најдобар случај).
Се надевам дека ќе се оствари, а потоа и дека ќе заживее стазава, има потенцијал секако.
Molec:
Твојот Голф го има светиот грал на дизелите и попрво ќе испука асфалтот отколку тој да попушти...особено ако е чипнат на 3 црвени. ::)
Инаку ја поздравувам од се срце идејата за постоење на патекава како и твојата идеја за рент а рејс кар, макар биле и модифицирани југовци.
Јас редовно би ја посетувал стазава на track day со ефтин пар гуми и бандажи во багажник :) па втора ко ќе му ја закачам....
AUUU:
--- Цитат: Molec на 17 Февруари 2020, 15:13:12 pm ---Твојот Голф го има светиот грал на дизелите и попрво ќе испука асфалтот отколку тој да попушти...особено ако е чипнат на 3 црвени. ::)
Инаку ја поздравувам од се срце идејата за постоење на патекава како и твојата идеја за рент а рејс кар, макар биле и модифицирани југовци.
--- Крај на цитатот ---
Абе тоа е 1.9 тди, мојов е 1.6, така да 5 минути или два круга максимум пред да почне да откажува едно по едно.
А за рејс кар некое твинго или нешто постаро би било одлично, само да видиме прво како ќе биде со цени, дали се има стандард за такво нешто или ќе идеме со дизелите па после ќе кукаме што откажало по форум...
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија