Општо > Автомобилски и Мото-Спортови

Македонски Шампионат на Кружни и Брдски натпреварувања 2018

(1/3) > >>

KRISS:
Викендов започнува кружниот шампионат на стазата во Кичево, бујрум еден прилог околу настанот



Викендов на воениот полигон во Кичево најавена е првата трка од првенството на кружни патеки, насловена како„КИЧЕВО 2018“. Организатор на трката е АКК Примо АВЈ, а се очекува бројка од околу 25 натпреварувачи, меѓу кои и гости од Косово.

Трката ќе се вози в недела на 15 јули, свеченото отворање е предвидено во 11 часот и 30 минути, а стартот на трката во 12 часот. Во продолжение е и целосната програма на натпреварот.

Сабота 14 07 2018

Технички преглед и верификација

– Класа 1: 08.00 – 09.00 часот

– Останати класи:  09.00 – 10.00 часот

Тренинзи

– Неофицијален тренинг 11.00 часот

– Официјален тренинг 13.00 часот

 
Недела 15 07 2018

– Слободен тренинг 10.30 часот

– Свечено отворање на натпреварот 11.30 часот

– Почеток на натпреварот 12.00 часот

https://derbi.mk/makedonija-povtorno-ima-trki-startuva-sezonata-na-kruzhni-pateki/

KRISS:
После деншниот тренинг и квалификации ова е листата на стартни позиции за утрешната трка.
Оваа трка е поделеа во 3 Дивизии
Дивизија 1 - Класа 1 до 1150 цм3
Дивизија 2 - Класа 2 до 1400 цм3 и Класа 3 до 1600цм3 Е1
Дивизија 3 - Класа 4 до 2000 цм3 Е1; Класа 5 до 2000 цм3 Н/СП и Класа над 2000 цм3 Е1

Igor:
За греота сме, 3 коли во класа 1 со разлика од 1+ секунда. Викендов беше паметно да се отиде до Берановац, да се видат интересни трки.

Него што е со Делев, зошто не возел ни југо ни пежо?

Браво за Даниел, ги потепа со улично Клио со стандард суспензија. И тука и на Пониква.  :)

AUUU:
Дајте резултати од трката.

KRISS:
Бујрум резултати, не стигнав деновиве да ги објавам :D






Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија