Општо > Автомобилски и Мото-Спортови

TCR Europe 2018 Иџе и Виктор

(1/8) > >>

kire95:
Пробарав али не најдов соодветна тема ако има нека префрлат админи.

Сезонава двајца наши претставници ќе се натпреваруваат во TCR Europe шампионатот Игор Стефановски (Hyundai i30 N TCR), стартен број 7 и Виктор Давидовски (Honda Civic Type R FK7 TCR) стартен број 10.

На првата трка која се вози на Paul Ricard има пријавено 26 кандидати со што ќе биде доста интересно за гледање.
петок( 04.05.2018)
Првиот тренинг е од 12:00 h
Вториот тренинг е од 17:50 h
сабота(05.05.2018)
Квалификациите се од 9:55 h
недела(06.05.2018)
Првата трка е од 14:40 h
Втората трка е од 15:50 h

Другите трки ме мрзи да пишувам распоред може на линков да погледнете http://europe.tcr-series.com/

Да им посакаме среќа и да ги пратиме нивните резултати. Доколку има некој повеќе информации за преноси и такви работи нека сподели на време :D

stef:
Мислам дека има измени за првата трка, наместо во недела преместена е за сабота веднаш по квалификациите

Igor:
Со оглед на темпото на I30 N во шампионатов, очекувам Иџе да биде во топ 5, хендикеп е тоа што колата ќе ја проба за прв пат на првиот официјален тренинг поради тоа што доцна пристигна. Ако направат добар сетап, би требало да има добар резултат (веќе барем има возено на патекава во 2016).

На Виктор ќе му биде доста потешко, нов шампионат, нов стил на возење, нови патеки...треба прилагоѓавање.

Тука е и БорковиЌ, така да би требало да биде многу интересна сезона. ;D

AUUU:
Дајте линк каде да гледаме, или МТВ и оваа сезона верно ќе ги пренесува настапите на нашите спортисти?

Igor:
Ќе има на официјалната FB страна на TCR Europe во живо, само не знам дали од сите трки.
WTCR во живо идеше само првата трка.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија