Автомобили > Генерално за Автомобилите
Квалитет на горивата во МК
nestor04:
--- Цитат: nestor04 на 09 Март 2026, 20:28:25 pm ---Јас користам Макпетрол 100, добро е. Ако добро прочитав Лукоил е моментално под Melrose Resources кој соработуваат со Motor Oil Hellas.
--- Крај на цитатот ---
Некој да потврди за Лукоил? Ако е навистина точно тогаш таа фирма е поврзана со Корал, т.е Шел.
AUUU:
--- Цитат: yarre на 19 Март 2026, 15:18:01 pm ---Старата болка на МП пак излезе на виделина. Заборавени стокови резерви, со пореметени параметри, без адитив за подобрување, кое, требале да го ротираат на 6 месеци максимум.
Дур не се потроши, ТопТрејд за тие од Скопје, Дади кај Зајчев Рид, и евентуално Лукоил.
--- Крај на цитатот ---
Што гориво е ова RACING бензин и дизел на ТопТрејд? Поскапо е 3 денари по литар.
andrejnaumovski:
--- Цитат: AUUU на 17 Мај 2026, 20:29:28 pm ---
--- Цитат: yarre на 19 Март 2026, 15:18:01 pm ---Старата болка на МП пак излезе на виделина. Заборавени стокови резерви, со пореметени параметри, без адитив за подобрување, кое, требале да го ротираат на 6 месеци максимум.
Дур не се потроши, ТопТрејд за тие од Скопје, Дади кај Зајчев Рид, и евентуално Лукоил.
--- Крај на цитатот ---
Што гориво е ова RACING бензин и дизел на ТопТрејд? Поскапо е 3 денари по литар.
--- Крај на цитатот ---
98 октанско, наводно (непотврдено, само од муабет) дека е Шел V-Power. Кај мене убаво работи на 98 Racing, не како 100ката од Шел ама подобро од Макпетрол 100ка.
dasi4:
Возам Пежо 508 2019 1.5тди 141 иљада пројдено па ме интересираше дали превентивно е добро да се става некој адитив за дизелот?
Зборев со пријателот чат џпт па ми предложи liqui moly diesel purge на секои 7 до 10 иљади км.
Ако има некој поискусен да предложи што може да се става и дали треба да ставам нека предложи или од искуство што би леглано најдобро.
zeroSignal:
Во суштина, ако од време на време го издувуваш на отворено, не би требало да има потреба од адитив. Јас би ти препорачал нешто од Wynns. Ѕирни го ова - https://malservis.mk/Additive/743PdV3J
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија