Автомобили > Генерално за Автомобилите

Макпетрол или Лукоил ???

(1/11) > >>

ivan96:
Нов член сум и ме интересира сакам да слушнам други мислења и искуства за горивата во МК, каде е поквалитетно и подобро горивото?
инаку возам дизел кола па повеќе би бил заинтересиран за мислење на дизелашите, секако не се на одмет и оние кои користат бензин.

Johnny625:
За мојата кола, дизелаш со бошпумпа:

Лукоил иако добро гориво за понови мотори со комон рејл технологија, на мојата кола која е со бош пумпа гледам дека не е тоа тоа. Чади повеќе а и имам слушано мајсторски маубети дека протекувале бош пумпи од ектото на Лукоил па сеа не знам. Инаку Лукоил предност има што бензиските му се нови, па нови цистерни, резервари па така тешко дека ќе ти наточат тиња или рѓа.

Макпетрол добро гориво во главном. Помирна работа на  моторот, помалку “тракање“ ама за малку повеќе го троши него тоа од Лукоил. На цел резервар разликата е накај 50 до 100 км што не е занермарливо.

Бузуки:
За нафтата како што кажа johhny..

На лукоил помалку ја троши, повеќе иди (барем така имам заприметено) али па многу чадеше позади и немирно работи машината..
Тука да ставиме одличната услуга (барем во Кичево) каде на лукоил ти е на одлично ниво (сами отвараат капачки, перат шофершајбни и пред)..

На макпетрол услугата е катастрофа, едноставно кажано ги мрзи да живее.. Додека не отвориш капачка ич не ти тура, недај боже да треба да клекни за плин да ти наточи.. Ќе ти испцуе све назад до 3то колено... А и самата бензиска е на распаѓање (само пумпите се нови и нонстоп некоја им е дефект..)...

Е сега јас сум тазе плинаш па ако можи некој поискусен да ми кажи каде и зошто да точам :)

Дибидус:
Иван96 пошто си нов на форумот повели тема за квалитетот на горивата.
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,221.1995.html

MartinAlfista:
Ford Fiesta TDCi (2012) не го сакаше дизелот на Лукоил. Во процес на трошење на цел резервоар нивно гориво, поткашлуваше микроскопски (ваљда недоволно за да сигнализира со чек енџн). За да стигнам до дестинацијата ми требаше уште гориво, наточив на Макпетрол, поткашлувањето исчезна.

Ако се множат одговори на темава, ќе заклучиш дека секоја марка има гориво на кое работи подобро од она другото. Треба да само да откриеш на кое гориво помалку се буни твоето возило. :)

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија