Автомобили > Генерално за Автомобилите

Неповторливи коли

(1/28) > >>

Klen:
Дефинитивно не е комплетна листава, сакам листа од коли кои се уникатни/легендарни направени барем во 10тина илјади примероци ( може специјални модели се додека базниот модел на колата е во 10к примероци ) т.е. не ексклузивни и прескапи кога биле нови. Идеално би било барем по една таква кола од секој бренд да има ако е воопшто возможно.

Идејата ми е малце тешка за дефинирање со зборови. брм брм има поента дека коли за обична раја секогаш правеле и ќе прават и ги има премногу, но од целиот тој куп се издвојуваат колите кои се иконски, инстантно претпознатливи, посакувани, носталгични и многу често имаат историја во тркање. Мое мислење е дека припаѓаат југо, стокец и фичо во листата, има без број примери на југовци со мотори од ланчија, стокецови со двогрли карбуратури итн. Полјаците одма би кажале дека пеглата им е најиконска/легендарна кола, и кај нас се возеше таа кола но го нема истиот статус како што го има во Полска, е сега дали припаѓа во листава или не е дебитабилно.
Исто така се двоумев дали да го ставам NSXот или не, иако скоро 20000 се направени сепак е ретка кола која не и ни баш евтина, идеално би биле коли нешто измеѓу NSXot и фабрички коли без долна граница на цена со тркачка историја или носталгичност заради х причини.













Dzo:

МулевР:

DarthJe5us:

MartinAlfista:
1. Премногу сила за шасијата, претежок мотор закачен најнапред што можело, отворен диференцијал, италијански „квалитет“... И покрај тоа, да можев да си ја дозволам веќе ќе ја возев:

Alfa Romeo 156 GTA SportWagon



Од другите брендови, ова се моите фаворити:

2. BMW E30 325i Estate, возило кое го сакам бидејќи го нема култниот статус на M3, а има доволно моќ под хауба, и во караван верзија нема некој колекционерски шмек па може да се модифицира за личен вкус.



3. Моја all-time favorite кола на сите времиња: Mercedes-Benz W124 wagon во 300D изведба. Нерасиплива крстарица која еден ден апсолутно МОРАМ да ја имам.



Се извинувам за караваните, но ова се коли кои според мене никогаш, никој нема да ги повтори.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија