Автомобили > Генерално за Автомобилите

Винер Осигурување - Прашања и совети во врска со осигурување

<< < (4/51) > >>

FiLo:
Од секоја осигурителна компанија, таквиот тип на сајли тоа е. Додуше проблемот лежи во начинот на вршење на шлепањето, не е само закачи колите и гас, треба осет, не тој пред тебе нагло да забрза, па кога ке треба да се застане тој од позади нагло на кочница. Во тие моменти се кине сајлата, иако е до 2.5 тона, на такви сецкања, нагло давање гас или нагло кочење, во тој момент таа тежина е 10 пати појака што се вели.
Верувај, челична сајла имаме скинато, а не овакво јаже што даваат за влечење како Винер.

Allexxander:
Драјвер, е каде бе другар даваат квалитетни работи како гратис. Дај не зезај. Се знае. Оние работине у псс што ги даваат што? Кабли за палење. Ако сакаш да се испозапалиш да изгориш пробај со нив. Но, сепак нешто е подобро од ништо. Штитник за сонце штитник за сонце...

Винер Осигурување:

--- Цитат: Drive-r на 27 Јули 2016, 19:45:43 pm ---
--- Цитат: Винер Осигурување на 20 Април 2016, 10:12:54 am ---Клабери

Би сакал да Ве известам дека периодов со секоја извадена полиса, Автоодговорност, Зелена Карта, Каско ... ви следи еден или два од наведениве подароци.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Очекуваме да стигнат и платнени патосници со одличен квалитет, па веќе од наредната недела, покрај подароциве погоре, ќе можете да одберете и патосници.
Бидејќи патосниците ќе се даваат исклучиво само за извадени АО, Зелена карта и Каско, би ве замолил доколку некој дојде да извади полиса да напомене дека е од Кар Клуб како би ги добиле патосниците АО и Зелена карта.

Можноста за плаќање на рати без камата и достава на полисата си останува и понатака.

За повеќе информации свртете на 15999, побарајте го колегата Игор кој е запознаен дека за членовите на Кар Клуб важат поинакви правила од редовните за добивање на подароците.

Поздрав
Винер Осигурување

--- Крај на цитатот ---

Aко веќе давате подароци, дајте еден али да е квалитетен и да ти се најде, а не колку да се каже дека давате.
Залажување со фушерајски работи, не сме деца.

Пр. сајлата е само за покажување.

--- Крај на цитатот ---

Почитуван

Подароците се димензионирани согласно премијата на самите полиси, при изборот на истите гледаме да ги одбереме оние поквалитетните, држачот за мобилен и еленската кожа  се со одличен квалитет, исто како и останатите подароци, дури и самоит добавувач често знае да не одврати од некој производ доколку истиот не е соодветен или пак неквалитетен со што би се јавило незадоволство кај клиентите.

Бидејќи ја споменавте сајлата и квалитетот однодно неквалитетот на истата, и од други клиенти ни беше кажано дека таа сајла е неквалитетна па поради тоа веднаш беше реагирано и целата количина беше вратена и заменета со поквалитетна, во моментов како подарок се даваат сајла како на сликава подоле, и за истата има многу пофални зборови, бидејќи покрај за влечење многу од клиентите ја користат и за прицврстување на товар.



Би ни било драго да ни предложите каков подарок би сакале да добиете со вадење на вашата полиса во Винер Осигурување, предлогот веднаш ќе биде разгледан од нашата маргетинг служба.

Исто така би сакале да ги известиме сите членови дека во меѓувреме изборот на подароци е зголемен, па покрај наведените на летокот од погоре, сега се достапни и следниве подароци:



Со ова сметаме дека можеме да ги задоволиме потребите и желбите на клиентите, НО секој предлог е добредојден.

Поздрав
Винер Осигурување

Дибидус:
Ако добро сум разбрал, вадам АО добивам подарок, вадам каско имам право на втор подарок. Е сега, дали за да добијам бесплатно патничко осигурување зелениот картон треба да се извади заедно со АО или може само ЗК од кај вас а АО од друга компанија за осигурување?  Исто така за колку дена важи патничкото осигурување што го давате како бонус?

Винер Осигурување:

--- Цитат: Дибидус на 28 Јули 2016, 10:24:34 am ---Ако добро сум разбрал, вадам АО добивам подарок, вадам каско имам право на втор подарок. Е сега, дали за да добијам бесплатно патничко осигурување зелениот картон треба да се извади заедно со АО или може само ЗК од кај вас а АО од друга компанија за осигурување?  Исто така за колку дена важи патничкото осигурување што го давате како бонус?

--- Крај на цитатот ---

За АО полисата следува еден подарок, доколку полисата ја вадите во Скопје, побарајте го колегата Игор, и бидејќи сте од форумов ќе може да одберете и повеќе од еден подарок, доколку полисата ја вадите во друг град, пишете ни во која филијала ќе ја вадите полисата за да можеме да ги информираме и истата можност ќе ја имате и таму.

За каско полисата Ви следуваат патосници, во Скопје во дирекцијата ги имаме на залиха, доколку вадите во филијала и доколку во моментот немаат, ќе им испратиме и за ден или два ќе ги добијат кога и ќе можете да ги подигнете.

Зелена карта може да извадите од Винер осигурување само доколку и АО полисата е извадена во Винер осигурување, АО полисата и Зелената карта неможе да се од различни компании.
Гратис патничко осигурување следува со секој изваден годишен Зелен картон, и истото е за 10 осигурени денови за период од 6 месеци.

Поздрав
Винер Осигурување

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија