Општо > Автомобилски и Мото-Спортови

Излетувања, превртувања и други дешавки од најразлични тркачки шампионати

(1/61) > >>

Fic_CC:
Темава ја формирам со цел да ги одвоиме дешавките на тркачките патеки од оние во секојдневниот сообраќај, бидејќи причините и последиците се многу поразлични.


Tischläufer:
Браво за темава, одлична за онака со вечера или слично. Башка ти си по излетувањата ;D теоретски а Џиз’с практично.

Туку една работа не ми е јасна. На третото видео возачиве се тумбаат. И овие од публика доаѓаат и ги превртуваат. Што мајка бараат да се мешаат?
Замисли некој од нвозачите да има скршено врат или кичма, последно нешто што треба да им се направи е да се превртат. Се надевам дека некако им кажуваат, или бараат од публиката да ги преврти, но сепак мислам дека е лоша идеја. Возилото е оштетено и не би смеело да продолжи да вози. Сејфти ф’рст.

Fic_CC:
Чим колата е сеуште во возна состојба, возачот и совозачот немаат никакви повреди. Покрај таков заштитен кафез треба многу поголеми оштетувања за да заработат нешто повеќе од гребаница.

Tischläufer:
Не видов дека направија технички преглед на колата. Може јабучица е пукната па ќе се скрши на наредна кривина кога ќе возат 120км/ч. А повреди се стекнуваат прилично лесно. Ризик јак... мила душа

Fic_CC:
Чим може да вози, продолжува. Нема тука трте мрте:

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија