Автомобили > Генерално за Автомобилите

Каско осигурување...

(1/20) > >>

krell:
Ме интересира колку од вас користат/користеле Каско осигурување?

Колку години по ред од купување на автомобилот го осигурувате Каско?

Кои компании ги преферирате за Осигурување и зашто?

Кој тип на Каско го користите/сте го користеле?

zeroSignal:
Од прв ден од кога е купен Голфот е Каско осигуран. Првата година беше во Триглав, втората година во Сава, третава година е во Винер.

Да куцнам у дрво, до сега не сум имал потреба да го активирам. Се надевам дека никогаш нема да имам потреба да го активирам, ама моментот на мирна глава ми одговара.

MartinAlfista:
Како што кажа Зеро, ефектот на мирна глава си е присутен. Фиестата веќе втора година по ред се осигурува каско во АД Осигурителна Полиса зошто таму имав пријател. Првата година само каското беше околу 28.000 денари, вторава година дадоа попуст на 22.000.
Се планира да се осигурува каско до 5та година, колку што има гаранција, а потоа да се активира каското и сите гребаници, зуцки и (да е далеку) удари да се санираат во МиДа, а потоа колата да се продаде, или да се даде старо за ново.
Мислам дека со самото тоа што во документација стои дека била каско осигурувана, а има и целосна сервисна историја во овластен сервис, носи некој мир во купувачот, влева сигурност дека купува безбедно.

kalimero:
Каското е одлична работа, башка што денес осигурителниве компании нудат разно разни поволности, од типот на целосна покриеност на стаклата и покрај вклучена франшиза на стаклата итн, итн.
Башка што цените на каското последнава година станаа прилично ефтини.
За кола до 6-7 години старост, кој може да си дозволи е убава работа.

krell:

--- Цитат: kalimero на 12 Август 2014, 10:44:28 am ---Каското е одлична работа, башка што денес осигурителниве компании нудат разно разни поволности, од типот на целосна покриеност на стаклата и покрај вклучена франшиза на стаклата итн, итн.
Башка што цените на каското последнава година станаа прилично ефтини.
За кола до 6-7 години старост, кој може да си дозволи е убава работа.

--- Крај на цитатот ---

Кои компании ги преферираш и зашто?

Кој тип на Каско?

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

Оди на целосна верзија