Општо > Автомобилски и Мото-Спортови
WTCC FIA World Touring Car Championship 2014
Igor:
Уште нема отворено тема за WTCC, срамота. :)
На 12-13 Април започнува новата сезона со трката во Morocco.
Нови возила, нови возачи, се очекува екстремно возбудлива сезона.
Новите возила ќе се возат во класата TC1, а возилата припремени пред 2014 во класа TC2. До година мислам дека треба сите возила да се TC1.
Посакувам и очекувам голем успех на Душан Борковиќ кој лани заврши на трето место во ETCC со голем број на баксузи и докажа дека е сериозен возач, ќе вози за шпанскиот Campos Racing во Chevrolet Cruze припремен од RML.
Возилата кои се досега претставени ќе изгледаат многу секси:
Некои од побитните технички регулации:
-Минимална маса на возилото 1100 Kg
-Моќноста на моторот се зголемува на 380 bhp
-Дијаметарот на тркалата се зголемува на 18"
Pal Zileri:
Кои ќе бидат возачи на Хонда?
Igor:
Исто како лани, за фабричкиот Monteiro и Tarquini. Приватно мислам Михелиз дека ќе вози исто.
Едит:
Еве комплетен список
Igor:
Сорензи за дабл пост. :)
Официјалниот постер со Бенани и Лоеб. Се надевам на крај од шампионатот позициите ќе бидат како што се прикажани на сликава. ;D
Fic_CC:
Не е дабл пост ако првиот коментар ти е од пред некој ден. ;)
Ќе видиме дали Лоеб ќе се покаже и на стаза како во WRC
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија