Автомобили > Генерално за Автомобилите
Клуч за сервис - рестартирање
Jordan:
дали некој знае како да направам да исчезне клучот кој покажува дека колата е за сервис ( направен е сервис но не во овластениот и затоа сеуште клучот стои ) исто така прочитав некаде дека се правело со држење на копчето кај километражата и со гасење и давање контакт инаку се работи за peugeot 206
zeroSignal:
1. Стави го клучот во контакт-бравата, ама не давај контакт.
2. Притисни и држи го копчето за ресетирање километража.
3. Дај контакт (ама не ја пали колата).
4. Држи го копчето додека да се покаже 0 на дисплејот, и да го снема клучот.
5. Пушти го копчето, исклучи контакт.
6. Части пиво.
MartinAlfista:
Ако процесот е успешен, повтори го чекор 6 повеќе пати.
The Boy Next Door:
--- Цитат: MartinAlfista на 29 Јули 2011, 15:52:57 pm ---Ако процесот е успешен, повтори го чекор 6 повеќе пати.
--- Крај на цитатот ---
:D :D :D :D :D
mrmut:
Зависи до возилото на VW,SEAT,AUDI не работи ова мора од ком. рестарт >:( и тоа зависи од година до година се рестарвираат различно >:( не е се едно те исто. кол има OBD програм и V.A.S.5052 може да прави дијагностика и рестарт на цела VW корпорација која има комп.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија