Општо > Автомобилски и Мото-Спортови
Ayrton Senna - Аиртон Сена [1960 - 1994]
Kalimero Nema Pravda:
--- Цитат: Sportex на 21 Јуни 2011, 15:49:54 pm ---..... Тоа беше Ф 1...ова денес ми е некако без веза ама тоа е!
--- Крај на цитатот ---
Се играше голема улога во тоа што се случи. Се започна со преселбата на Сена во Вилиамс каде претходната година тој болид беше граден за малиот Прост. Во таква средина во која Сена се најде неспособен да се снајде во тесниот кокпит постојано имаше проблеми се извртуваше и слично така што Шумахер постојано ги мачкаше него и сите останати. Како и да е на трката во Имола сена дојде на пол позиција со 0.700 стотинки пред вториот. Како пред 5-6 години што правеше едино Шумахер и сега Фетел. На самиот старт имаше голема мешаница по што искочи безбедносно возило зад кое возејки како и кај сите гумите оладија ја издубија топлината и притисокот и клапнаа за неколку милиметри сосема доволно за да тогаш како и сега полните танкери - болиди и нивната подлога допрат асфалтот. Безбедносното возило се трга и трката продолжува а болидот на Сена силно и сериозно допира на свиокот Тамбурело каде има два "bumps" или англиски израз за нерамна површина на одредено место. Помал и поголем. Да се навратам наназад на почетокот од трката Сена бара од неговиот тим да ја намалат оската на воланот со што би добил поголем простор во кокпитот и да е по лабав воланот и да може повеке да ротира.
Трката продолжува со тие измени на воланот на Сена направени пред трката, 7ми круг и Сена се наближува кон свиокот Тамбурело и кон тие два нерамни дела, влага со брзина од 310km/h и намалува до 218 km/h при што излетува од свиокот и удира директно во ѕидот. Истиот ѕид каде он и Герхард Бергер неколку години претходно поминале оттаму со идеа да поднесат барање за поместување на истиот но откако Сена увидел дека позади свиокот има река виделе дека тоа е невозможно. При ударот Сена добива удар од металната пруга што го спојува тркалото со носот на болидот кој пенетрира низ неговата кацига точно над неговата десна слепоочница и со тој удар он веке бил мртов. Истотака гумата го удира во глава при експлозијата. При истиот удар повредува неколку клучни пршлени. Оние кои пристинале први до него и се обидувале воопшто да го изнесат велат дека се давел во својата крв и течност од мозокот.... навистина страшно опишано! Ова се го цитирам од статии кои сум ги читал. Причината пак за излетувањето од патеката е допирот на неговата подлога со асвалтот која го изменува правецот на движење а во истиот тој момент и воланот станува дел од Сена но не и од болидот, Сена веке бил само патник во болидот и ништо повеке. Без никаква можност за скренување на болидот Удира во ѕид со нешто помалку од 210km/h. Шумахер после трагичниот настан изјави дека начинот на кој допирал болидот на Сена со подлогата бил многу опасен и необичен и Шумахер стравувал од што се би можело да се случи. Откако го извадиле од болидот, Сенна, во неговиот кокпит нашле платно некое, материјал, кој бил целиот во крв. Откако го прочистиле увиделе дека тоа е знамето на Австрија кое Сена сакал да го подигне во чест на тогаш-вчера загинатиот австриец Роланд Ратзенбергер. Само можеме да учиме од Сена :/ ...
Deni:
Нема врска неговото прекрасно возење со смртта. Единствена грешка беше што влезе во вилијамс и вложуваше надчовечки напори да се справи со болидите кои имаа нелегална предност. Таа нелегалност се провлече низ годините и ја упропасти Ф1. А за неговата способност (Сена) и можности говорат сите, иако на некои сакаат да се докажат - ама внатре во себе знаат дека Сена бил далеку поспособен од нив.
Грешката е во сигурносната зона и можеби болидот, во никој случај со Сена.
Kalimero Nema Pravda:
--- Цитат: Deni на 21 Јуни 2011, 17:43:00 pm ---Нема врска неговото прекрасно возење со смртта.
--- Крај на цитатот ---
Па нема се слагам, затоа и напоменав дека Сена беше само сопатник во болидот во тој момент....
Tommy:
ко дете помнам снимки од сопругата/девојката кога ја стави неговата кацига на ковчегот .... морници ме лазеа во тој момент ..
Kalimero Nema Pravda:
--- Цитат: Tommy на 21 Јуни 2011, 18:12:18 pm ---ко дете помнам снимки од сопругата/девојката кога ја стави неговата кацига на ковчегот .... морници ме лазеа во тој момент ..
--- Крај на цитатот ---
Вие сте постари и сте гледале во живо, ја се тоа сум го гледал само на видео клипови по ју туб каналот или документарци. :(
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија