Да си жив и здрав и шофер да изиграваш, барем додека децата не пораснат. Не дека и со стан не си шофер, ама пократки се релациите.
Ако купуваш стан во Скопје, ќе го преплатиш, и ќе живееш во најзагадениот град во светот.
Ако купуваш плац, треба (или барем јас) би го купил надвор од Скопје, можеби јужна страна на Водно, Соње, натака, за да живеам во почиста средина. Ама па Соње е далеку малце, ако носиш деца по дополнителни активности ќе ти треба доста повеќе време него ли ако си во некоја од скопските населби, зашто се имаш во истата населба.
Заебано е како и да е, и стварно треба голем есап да се направи при решавање на прашањето за дом на подолги стази.