НИшто повеќе не ти треба од здрави искомбинирани оброци, евентуално креатин,тој нема никаков зијан, напротив само корист, таман и одма малце 2-3 кг ке закачиш вода во телото,ќе изгледаш поголем, а и посвежо ќе се осеќаш. Овај е ефтин а е топ за цената, има највеќе креатин во една доза, за разлика од другите со микро доза л таурин.
https://hardcoreshop.mk/shop/creatine-300gr-2/И еден путер, ефтин е а е 100% путер
https://hardcoreshop.mk/shop/creamy-peanut-butter-450-gr/ Има и еден македонски 100% во тегла и тој е добар го има во Тинекс за околу 300 ден за 500гр. Една лажица од 50 гр во шејк со банана, јогурт(кој трпи млеко може млеко) и некое зрно замрзнато овошје по избор, понекогаш ставам и една лажица овесни и ако се има низ дома сурутка прашок, тој прави да е онака силки смут смесата, блендаш и тоа е тоа.
Вежбај барем една година како шо треба па после ќе увидиш дали реално ти треба нешто плус. Салам протеин е скапа работа, Една доза иди барем 80 денари да фрлиш за прашок, со такви пари подобро е да ги даваш за оброци од кај шо ќе ја извадиш истата количина на протеин плус и други работи, а и маса ќе ставашш гарантирано, неизбежно е.
Со прашокот само ќе исполнуваш некој фиктивни бројки за протеин , а ќе се презаситиш и нема да можеш да јадиш доволно и да сакаш.