Автор Тема: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g  (Прочитано 23206 пати)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #75 на: 21 Јуни 2015, 21:49:04 pm »
Извади ги клемите 5-10 минути и пробај регуларно да ја запалиш.

Одам доле да проверам :)

edit: Не сака :( Чекав 7-8 минути
« Последно менување: 21 Јуни 2015, 22:17:52 pm UrSa1986 »

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6643
Одг:
« Одговори #76 на: 21 Јуни 2015, 22:24:15 pm »
Отиди утре до плимонт, дефинитивно може да треба ресет на плинот пошто ти е малку збунета колата пошто ја палеше на плин повеќе пати а системите имаат некои лимити и финти.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #77 на: 21 Јуни 2015, 23:41:28 pm »
Здраво Плимонт

Јас имам едно прашање. Пред некој ден почна да ми зуи бензинската пумпа. Кога дојдов дома, ја згаснав колата. После еден саат веќе неможев да ја запалам. Бензинската пумпа не ја слушав веќе ни на контакт ни на верглање.

Пробав да ја запалам колата директно на плин со држење на копчето и си запали од прва. Не знам дали е нормално, ама додека работеше на плин на 30 секунди имаше титкање од неколку пати.

Денес ја заменив бензинската пумпа , сега на контакт и на верглање ја слушам дека работи, ама пак не пали колата. Ја запалив пак на плин, пак го имаше титкањето и пробав додека работи да сменам на бензин, ама не ми даде.

Прашањето ми е:
Дали менувањето на бензин е овозможено кога колата се пали така со држење на копчето? Дали е можно следново сценарио: поради неисправната пумпата за бензин плинскиот систем да смета дека бензинскиот систем е невалиден и не префрла на него воопшто?
Да не плинскиот систем го има блокирано протокот на бензин (како кога работи на плин) и да си го враќа бензинот назад, а колата нема да запали? Дали титкањето е нормално кога се пали на плин директно или сигнализира некоја грешка.

Дали е можен квар во делот од плинскиот систем што прави префрлање од плин на бензин при гасење на колата? Системот да не префрла на бензин, а нема да префрли на плин бидејќи нема температура постигнато?

Се работи за Даеву Нубира со АЦ СТАГ плински систем.


И уште нешто. Некој ми спомна дека може 10тина пати да се пали колата на плин директно, после нема да дозволува. Дали е вистина тоа?
еве јас ке ти помогнам, пошто плимонтовци се преоптеретени периодов, а го владеам овој плински уред.

значи, АС стаг уредот, ако ти е одштиклирано во софтверот, може бесконечно пати да се пали на плин. ако е штиклирано, може да е лимитирано на 10 или 20 пати. ке дознаеш деновиве, или појди до кај нив или било кој мајстор што има софтвер за овој уред (имам и јас) и барем ке ти “среди“ да имаш бесконечно број пати палење директно на плин.

тоа што ти титка на секои 30-тина секунди по неколку пати, секогаш кога ке го запалиш директно на плин е да ти каже дека ти е рачно префрлен, и нема да ти врати на бензин, се додека не ја изгасиш колата и не ја запалиш нормално. затоа што тоа е ИЗРИЧИТА команда за работење исклучиво на плин.

што се однесува до автоматското префрлање од плин на бензин и обратно е ГАСЕЊЕ-ВКЛУЧУВАЊЕ НА БЕНЗИНСКИ ДИЗНИ, а не пумпа, така да плинскиот уред нема никаква допирна точка со бензинскиот уред, освен преку дизните. нити мери притисок на бензин, нити ја пали и гаси пумпата, всушност, овој плински уред за да работи на плин, црпи информации од бензинските дизни, т.е. импулсот што го дава компјутерот бензински, а тоа значи дека на тоа поле се ти е исправно. дизните се ок, компјутерот ти е ок.. само види си што ти е со бензинската пумпа...


бидејки рече дека си ја слушнал наеднаш како почнала да зуи силно, и на следно палење више не работела, а си сменил и нова, и пак не работела... би ти советувал да измериш колку ти е полнењето на струјата (дали можеби преполнува), не смее да биде поголемо од 14.4 на акумулатор измерено... ваков “секс“ имав и јас со рено 19. за 3 дена 3 пумпи ми изгоре додека не сватив дека реглерот на алтернаторот се расипал и ја дигнал струјата на 19 до 22 волти...

во секој случај, проблемот што не ти пали на бензин НЕ Е ОД ПЛИНСКИОТ УРЕД, поготово не со овој АС стаг, кој е еден од нај некомплицираните и едноставни секвент уреди...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: Re: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #78 на: 22 Јуни 2015, 04:12:03 am »
Фала Онак за одговорот. После менувањето на пумпата ја слушам дека работи и на контакт и на верглање, ама пак не пали колата.

Следно ќе го сменам филтерот и ќе ја однесам на мајстор да го провери притисокот.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: Re: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #79 на: 04 Јули 2015, 01:47:38 am »
Проработе!! :) Ја префрлив на плин директно и ја оставив да поработи малце. После тоа си запали од прва на бензин. Претпоставувам дека имаше воздух во цревата и затоа не палеше. :)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: Re: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #80 на: 11 Јули 2015, 13:14:10 pm »
Ако не ме слушаше во последно време, јас пак те сакам :D




Инаку се изнервирав, сменето во ПСС и сервисерот не го затворил капачето добро. Цел мотор лом се направил, среќа што кога дојдов дома проверив ситуација. Некој што не се разбира може штета да му се направи.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7578
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #81 на: 11 Јули 2015, 14:35:05 pm »
Аман бе, јас би му се вратил и би го терал да ја надомести штетата, односно да купи литар уље и да го испере моторот.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: Re: Одг:
« Одговори #82 на: 11 Јули 2015, 21:11:47 pm »
Аман бе, јас би му се вратил и би го терал да ја надомести штетата, односно да купи литар уље и да го испере моторот.

Сега го проверив нема истечено многу, само што подиспрља. Ќе испари на топлото

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7578
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #83 на: 11 Јули 2015, 21:33:41 pm »
Ќе испари, ама ќе мириса додека испарува.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: Re: Одг:
« Одговори #84 на: 11 Јули 2015, 22:20:36 pm »
Ќе испари, ама ќе мириса додека испарува.

Ќе ја газам повеќе :D

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7578
  • Плинаш!!!
Одг: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #85 на: 11 Јули 2015, 23:16:40 pm »
:P

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #86 на: 19 Февруари 2016, 11:16:25 am »
I'm so EXIDED :P



Благодарност до Анџело :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7578
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #87 на: 19 Февруари 2016, 19:03:48 pm »
Не зема карбон? Долго да те служи.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: Re: Одг:
« Одговори #88 на: 19 Февруари 2016, 21:03:20 pm »
Не зема карбон? Долго да те служи.

Нема карбон со лев плус :(

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7578
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #89 на: 19 Февруари 2016, 22:39:05 pm »
Ееее штета. Што да ти правам што колата ти е лева :P