Автор Тема: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g  (Прочитано 13143 пати)

Отсутен seat ibiza

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 184
Одг: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #30 на: Јули 09, 2013, 19:55:40 pm »
Со здравје возење милионче да свртиш и најбитно редовен сервис и се на време да си смениш. Поздрав.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1376
Одг: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #31 на: Септември 30, 2014, 10:59:58 am »
Прашање до поискусните :)

Имам проблем со губење на антифриз.  Од време на време го проверувам и си дополнувам колку што е истрошено.

Бев на мајстор и ми рече дека имам притисок поголем во системот за ладење. Го отвори капачето, навистина издиша воздух под притисок. Рече да тестираме дали ќе тече антифриз со не многу стегнато капаче (јас претходно машки го стегав :) ).

Се сомневаше дека е оштетен дихтунгот на глава и од негде притисокот од моторот се префрла во системот за ладење.

 1. Кога ќе го отворам капачето, а колата работи нема меурчиња во садот, сосема е мирно;
 2. Капачето кај уљето е сосема чисто, нема бел талог и сл;
 3. Кога беше стегнато капачето, имаше периодично протекување кај ребрастиот каиш, ништо чудно кај водната пумпа;
 4. Со не многу стегнато капаче нема загуба на антифриз;
 5. Со не стегнато капаче ми се појави некоја кафеава прљавштина во садот на капачето, до сега ја немаше. Последно течност стави тој од некое буренце;

Деновиве треба да одам да ми каже што да правам, ама сакав и тука да прашам , може имал некој сличен проблем.

Муабетот ми е веројатно ќе инсистира на промена на дихтунг за да земе пари, а реално дали е тоа проблемот?

Дали може да се вози со не многу стегнато капаче? Температурата на колата цело време си ја следам, застанува на средина и се фиксира, нема осцилации.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3826
Одг: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #32 на: Септември 30, 2014, 12:41:29 pm »
Aj vidi kapace novo kupi si ima na nego edno termostatce toa da ne e zaglaveno ???

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9198
Одг: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #33 на: Септември 30, 2014, 12:54:06 pm »
и јас би сменил капаче,али строго оргинал макар и половно
а следно би проверил црева и канали да не има некој запушен па го зголемува притисокот

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1376
Одг: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #34 на: Септември 30, 2014, 13:44:31 pm »
Мислите дека тоа апаратчето на капачето да не работи? Тоа регулира притисок? Може да биде и тоа, обавезно ќе го проверам.

@Smichka Како би проверил запушено црево? Да ги вадам едно по едно па да ги проверувам, барем тие достапните?

Фала многу на советите :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9198
Одг: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #35 на: Септември 30, 2014, 16:31:17 pm »
капачето ти е уствари термостат,кога ќе дигне таму над одреден притисок (околу бар,бар и нешто)отвара и вишокот го пушта во казанчето за антифриз,ако е заглавен на затворено,нема каде и притисокот го пушта таму кај што имаш најслаба спојка

ѕирни првин со капачето,остај тоа со цревата за понатаму,треба да е ствааарно ептен запуштено па да прави проблеми,ама ако капачето е исправно капачето би требало да го изрегулира и тоа

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1376
Одг: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #36 на: Март 29, 2015, 00:53:00 am »
Да ја живнам малце темава :) Денес сменети стабилизатори и репарирана гумица на балансштангла, неможеа да најдат нова :). Средено во Авто Мобил во Аеродром. Дечките фино си ја завршија работата.

Стабилизатори 2x680 ден
Работна рака за стабилизатори 2x250 ден
Работна рака за гумици, репарирање на едната 400 ден

И што е највашно, го нема лупањето на дупкички :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5904
  • 69
Одг: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #37 на: Март 29, 2015, 00:56:19 am »
И како си задоволен од Нубирава после две години?
Треба да е одлично ауто. :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1376
Одг: Re: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #38 на: Март 29, 2015, 11:05:56 am »
Да ти кажам задоволен сум. Имав проблеми со течење уље и антифриз, прво беше од дихтунг на поклопец, па после и дихтунг на глава сменив, па се подоправи. Сега и стабилизатори сменив, ама чукаше откога ја земав, само сега почна да смета. Другото стандард одржување. Плин имам, негде 11 троши, ама и не ја стискам многу :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5904
  • 69
Одг: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #39 на: Март 29, 2015, 11:10:49 am »
Мислам дека не најдов колку кубика е...Претпоставувам 1,6?
11 литра и не е многу плин да троши.
Битно уље да не ти роши.
Претпоставувам смени и гумички на вентили пошто си вадел глава. Ако не си ги сменил, си направил грешка.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2575
  • Custom made interiors
Одг: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #40 на: Март 29, 2015, 19:41:02 pm »
Друже јас имам Ланос и пред некое време си најдов продавница за корејски возила во Бугарија каде што има се и сешто и супер цени и си земав некои работи кои што одамна ги барав.

Еве види си што има за твојата кола.
http://www.kolos-ms.net/category/2540/avtochasti-deu-nubira.html

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1376
Одг: Re: Одг: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #41 на: Март 29, 2015, 21:15:55 pm »
Мислам дека не најдов колку кубика е...Претпоставувам 1,6?
11 литра и не е многу плин да троши.
Битно уље да не ти роши.
Претпоставувам смени и гумички на вентили пошто си вадел глава. Ако не си ги сменил, си направил грешка.

Да да, 1.6 е. Сменив се кога отвораа, и мајсторот тоа ми го рече.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1376
Одг: Re: Одг: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #42 на: Март 29, 2015, 21:17:46 pm »
Друже јас имам Ланос и пред некое време си најдов продавница за корејски возила во Бугарија каде што има се и сешто и супер цени и си земав некои работи кои што одамна ги барав.

Еве види си што има за твојата кола.
http://www.kolos-ms.net/category/2540/avtochasti-deu-nubira.html

Убаво да се знае, тх ;) А имаат достава или одиш да си ги земеш од таму?

Ова колос ми е познато, ко да го имам гледано и во Скопје. Да не беше кај зоолошка ...

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2575
  • Custom made interiors
Одг: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #43 на: Март 29, 2015, 21:42:44 pm »
За во бг имаат достава а за надвор од државата незнам можеш да ги контактираш да ги прашаш, јас имам блиски во бг и они ми купуват и ми носат.

А за во Ск дали имаат и тоа незнам.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1376
Одг: Re: Daewoo Nubira E-tec 1.6 16V 2000g
« Одговори #44 на: Мај 09, 2015, 23:38:51 pm »
Ја смиривме денес малце :) Сменети ФАГ задни лагери од Лагермакс во сервис Ванчо (благодарност до Yarre) и преден стабилизатор од Номинал.