Со оглед на тоа што постојано гледам документарци, би сакал да споделиме интересни работи од светот на науката.
Ако имате документарец некој кој ви се бендисал, споделете го.
Да започнам јас, ќе ги ставам само првите делови од јутјуб или каде најдам, ако ве заинтересира пронајдете ги и понатамошните. (part 2, 3 итн) После секој ќе ставам и свое бодување 0/100.
E=Mc2 Einstein's Big Idea - нешто кое споило три крајно неспоиви работи со едноставниот знак за еднаквост. Поткрепено со размислувањата на повеќето познати имиња во физиката, хемијата и науката. 90/100
АТОМ - Најголемото откритие во историјата. Атомот. 90/100
http://vimeo.com/18113758#Absolute Zero - постигнувањето на најниската температура и втечнувањето на гасовите. Самото споменување на најважните имиња во историјата едно до друго, го прави документарецот навистина посебен.91/100
Not a valid youtube URL
Cosmos - документареците кои треба да се пуштаат на секое дете по еднаш месечно додека не ги научи наизуст. Стари но апдејтувани на крајот (ако воопшто имало потреба да се апдејтува) Ова е основно образование за секој учен човек. 98/100
Zeitgeist - Објаснување за светот кое ги содржи најголемиот дел од прашањата и одговорите кои го интересираат човекот. 92/100
Zeitgeist 3 - Поглед во иднината и како ќе изгледа светот за век или два. 91/100
Nice guys finish first - еден од мноштвото документарци на Ричард Докинс и BBC, поврзан со еволуцијата и теорија на игрите. 91/100
Тhe Genius of Charles Darwin - документарец за една наједноставна идеја која успева да го објасни секој аспект на животот. 93/100