Овој викенд 01,02,2013,во соседна Србија во градот Зајачар на патеката Вршка Чука се вози ридско брзинска трка.Трката е во организација на клубот АСК Зајачар кој оваа година спрема вистински тркачки спектакл на концепт нон-стоп акција на патека,бидејќи се работи за кратка патека гледачите ќе имаат можносат да гледаат по два званични тренинга и по две возења за главната трка.
На овој настан се очекуваат окулу 50-автомобилисти од Србија,Босна и Херцеговина,Црна Гора и Македонија.Па поради тоа,организаторот на трката обезбедува бесплатен смештај за натпреварувачите и за нивните механичари.
Од Македонија сега за сега дознаваме дека пријава за оваа трка има и Коста Николовски,а своето учество го потврди Димитриј Кимовски на кој од страна на АФМ не му беше дозволено учеството на трката на Водно и издавање на Натпреварувачка лиценца под капата на АФМ.
Автомобилот ми е спремен уште за на Водно,бидејќи бев спречен од АФМ дап настапам,оваа година одлучив да возам со Српска лиценца за клубот АСК Крагуевац,имам набавено и Слик гуми за да бидам рамноправен со конкуренцијата, оваа опција можеби е поскапа но сега за сега најдобра за мене,сега се спремам за Зајачар а плановите ми се и да настапам на неколку Кружни трки во соседна Србија.
http://krivina.mk/wp/?p=696