Автор Тема: Зајачар 1,2 Јуни 2013  (Прочитано 2877 пати)

Отсутен KRISS

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
Зајачар 1,2 Јуни 2013
« на: 31 Мај 2013, 10:43:46 am »
Овој викенд 01,02,2013,во соседна Србија во градот Зајачар на патеката Вршка Чука се вози ридско брзинска трка.Трката е во организација на клубот АСК Зајачар кој оваа година спрема вистински тркачки спектакл на концепт нон-стоп акција на патека,бидејќи се работи за кратка патека гледачите ќе имаат можносат да гледаат по два званични тренинга и по две возења за главната трка.

На овој настан се очекуваат окулу 50-автомобилисти од Србија,Босна и Херцеговина,Црна Гора и Македонија.Па поради тоа,организаторот на трката обезбедува бесплатен смештај за натпреварувачите и за нивните механичари.

Од Македонија сега за сега дознаваме дека пријава за оваа трка има и Коста Николовски,а своето учество го потврди Димитриј Кимовски на кој од страна на АФМ не му беше дозволено учеството на трката на Водно и издавање на Натпреварувачка лиценца под капата на АФМ.

Автомобилот ми е спремен уште за на Водно,бидејќи бев спречен од АФМ дап настапам,оваа година одлучив да возам со Српска лиценца за клубот АСК Крагуевац,имам набавено и Слик гуми за да бидам рамноправен со конкуренцијата, оваа опција можеби е поскапа но сега за сега најдобра за мене,сега се спремам за Зајачар а плановите ми се и да настапам  на неколку Кружни трки во соседна Србија.

http://krivina.mk/wp/?p=696

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10567
Одг: Зајачар 1,2 Јуни 2013
« Одговори #1 на: 31 Мај 2013, 12:06:37 pm »
Браво мајсторе - САМО НАПРЕД, со среќа нека е !!!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10567

Отсутен KRISS

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
Одг: Зајачар 1,2 Јуни 2013
« Одговори #3 на: 03 Јуни 2013, 14:19:53 pm »
Кимовски петти во Зајечар-Србија

Откако во Саботата беше дисквалификуван поради недостаток на 3 три килограми од вкупната пропишана тежина која е 830 кгр. за возилото,во неделата Кимовски ја заврши трката на петото место.

Одличен викенд за мене стаза со многу правци и брзи кривини,но ја немав потребната брзина за подобар резултат и да се справам со конкуренцијата која е далеку по спремна во поглед на техничкиот дел на возилата.Видовме до каде сме,се надевам дека ќе обезбедиме средства за нов подобар мотор во возилото и да продолжиме понатаму.”изјави Кимовски”.

Стазата има нов рекордер а тоа е Борис Миљевич гостинот од Б и Х, со неговата Формула 3 кој извозе време од 1:14:131.

http://krivina.mk/wp/?p=708

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10567
Одг: Зајачар 1,2 Јуни 2013
« Одговори #4 на: 04 Јуни 2013, 01:43:41 am »
Not a valid youtube URL