Дечки, дисковите (веќе еднаш рамнети во септември на дреар по препорака на сервисерот - памет за друг пат) ми се искривија пак. Можеби е и крива главнича како што ми посочи членот is200, али нив би ги мењал доколку дојде до потреба да сменам дискови, искрено незнам што е најпаметна опција.
Ноте: претходно проверено - средена цела предница, центрирање, балансирање гуми, бандаши.
Се решив да ги рамнам машински на кола доколку има простор за тоа нормално, и тргнав да ги посетам сервисиве кои ја вршат оваа услуга + неколку телефонски исконтактирано и испадна дека само еден сервис има еден обичен, основен алат - микромер за мерење дебелина на дисковите (многу битна работа со оглед на тоа што веќе еднаш се рамнети од моја страна а можеби и претходно пред да ја купам колата).
Бев до
ЛПР сервисот на Иџе брат му што го држел , таму ме пречека еден вработен бабуш или боље кажано профи искусен фиромјанец кој со своето оштро око процени преку бандаж дека дискот имал материјал и дека бил за рамнење
побарав од него дали има микромер или било каков друг сличен алат
(незнам, можеби машината прикажува дебелина чим се монтира на диск, тропам) да измери дебелина, приложувајќи му фабрички пропишани дебелини (21-23 мм) - добив одговор дека колку дискови демонтирал он, ја сум немал толку влакна на глава и он одма можел да каже чим ќе го погледне онака остро дискот, немало шо да му објаснуем него ја
одма полукружно колата и идеме даље
Фас Вас - дечките се профи и сум презадоволен од нив и од претходни сервисирања - меѓутоа најкоректно ми кажаа немаат таков алат па неможат да проверат, али ако се одлучам за рамнење , дека ќе завршат работа. Фала ви многу ќе ве исконтактирам.
ПСС зајчев рид - требало прво да идам на инспекција да провереле 3-4 стручњаци и ќе дале конзилијарно мислење, па ќе ми закажеле. - Аа да ве прашам дали може дисковите да ги измерите у дебелина бидејќи веќе се рамнети ? - хехе брат4е неаме тоа ние за мерење не се секирај немуе нисто на дискот акое рамнет хехе - фала позз.
Мајстор Спасе Чаир - неможам никаде да најдам број.
Сервис Златановски - после неколку вртења човеков ми се јави конечно, имал алат ќе ги измерел, тоа се подразбирало (фала богу еден асален). Му викам ќе ти се прејавам за 10 мин за кога да закажеме и од тогаш веќе не успеав да го добијам повторно
Не знам веќе кој да барам , по гугл пребарав све поврзано со рамнење дискови (машински директно на кола) и само овие наведениве сервиси ми излегоа.
Па сакам да ве замолам доколку пропуштам некој мајстор / сервис за оваа услуга од Скопје, кој си ја знае и си ја врши работата како што треба , да ми предложите.
Или пак, доколку некој од вас (од Скопје) има микромер или било што слично што ќе заврши работа, дали би ми излегол во пресрет да си ги измерам сам дисковите
Фала ви лепо , и поздрав