@Бузуки оваа Ingco не би ми била прв избор поради пониската цена од другиве, не велам дека не е ист квалитет со другиве
ама штом велиш дека другиот алат им е ок, значи и оваа има солиден квалитет.
Оваа што си ја пратил од КупиАлат е 600в, најслаба од сите. Таа е послаба дека е Dual Action или иста е како другиве само послаба и полесна?
За тоа со одржување на константна брзина читав некаде низ темиве, мислам Даме имаше пишувано дека имал направено преправки на некоја поевтина полирка за да одржува константни вртежи.
@Astraion јас низ МК не наидов на Dual Action полирка, освен оваа Бузуки погоре што ја има пратено ако е DA бидејќи пишува дека има ексцентар 8мм. Знаеш некаде да се продаваат или се поскапи за разлика од ротациониве?
Ова со вежбање на хауби и врати ти е добар совет, имам на располагање неколку, па ќе ги искористам пред да го запалам лакот на кола директно