Вчера малку си играв средував гребаници на колата, некои супер се средија ама некои не баш.
На некои места каде што шмирглав после полирањето се познава како заматено, не е многу воочливо ама ако убаво се загледа човек се приметува.
Користев водена шмиргла 2500 и 2000, а за полирање користев К2 турбо и микрофибер крпи.
Некој искусен да каже кај ја грешам и како да ја оправам работава?
Фала многу и поздрав.