Пред година ипол хаубата ми ја полираа и заштитија со керамика, за да видам како ќе биде.
Иако работата беше сработена профи (поздрав до апликаторот), хаубата беше исполирана топ, претпоствавувам и глинирана пред тоа (не бев цело време присутен) градот што беше претходното лето во Скопје ја утепа хаубата во иста мера како и останатите каросериски делови, така да немојте да се лажете дека ако има керамика каросеријата е нешто заштитена, врска нема.
Само за курч и престиж е, ништо повеќе, ако веќе сакате нешто подобро идете со восок, поефтино е.
Ова го пишувам пошто приметувам дека на секоја фалба на нова кола се пушта муабетот дека супер би било да се аплицира керамика, од некого тенденциозно, од некого не.