Автор Тема: Делови од Грција  (Прочитано 11098 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20556
Одг:
« Одговори #15 на: 01 Мај 2014, 17:01:01 pm »
Тенќу за брзиот и соодветен одговор :)

Низ Солун, таму накај пристаништето, белата кула итн има нешто интересно за гледање?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Делови од Грција
« Одговори #16 на: 01 Мај 2014, 17:17:40 pm »
Само ако сакаш да прошеташ или да пиеш кафе покрај море проследено со фотка на инстаграм :-)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29154
    • CARclub.mk
Одг: Делови од Грција
« Одговори #17 на: 01 Мај 2014, 17:24:09 pm »
Фак, напишав пост, па ми крашна Фајрфоксот пред да пратам.

Енивеј, за шо ме имаш мене? За Солун барем иам информации колку сакаш. :)

Значи.. Центарот на Солун е ок. Белата кула е интересна да се влезе и да се заврти еден круг, ама ништо посебно. Кејот е убав и прошетување покрај кеј има посебен мерак. Одлично кафе прават по кафичите (бат римембер дека мораш да нарачаш фрапе ако сакаш тоа што ние го викаме нескафе - ако нарачаш нескафе, ќе ти донесат топло нескафе). Цените во тие кафичи се генерално нешто повисоки, али не драстично повисоки.

Вреди да се сврти круг по Aristotelis Square (главниот плоштад). Таму е и Солунскиот пазар со еден куп интересни ствари (имаше едно тезгиче кај што продаваа мал милион различни зачини рецимо) и ептен добри тавернички со одлична храна (ако веќе одите во Грчка, ќе јадете морска храна) и прифатливи цени. Првата улица над кејот е Tsimiski и таму има еден куп продавници. Да напоменам дека ако отиде на шопинг (и имате малце повеќе време), препорачувам да шетате низ центар наместо по Космос и компанија - продавниците во центарот се ~20% поевтини - на пример, патики што ги гледав во Космос за 80 евра во скејт шоп во центарот ги најдов за 60.

Особено убаво место е и Navarinou (се изговара Наварину) плоштадот. Таму има еден куп мали интересни продавничиња и едно место што прави Кипарско гиро. Наварину е едно од моите омилени места во Солун. Не знам дали уште работи, али Silver Dollar е одличен рок бар во Солун, али тоа само навечер, нели.

Бесплатен паркинг нема да најдеш. Имаш опција да одиш во автоматскиот паркинг (што е стварно кул, али е прилично скап) или да бараш место на некој од платените паркинзи. Еве линк од местото каде што јас паркирам кога одам. Прифатлива цена (не ми текнува сега колку точно) и на одлична локација.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Делови од Грција
« Одговори #18 на: 01 Мај 2014, 17:50:19 pm »
Тенќу за брзиот и соодветен одговор :)

Низ Солун, таму накај пристаништето, белата кула итн има нешто интересно за гледање?

Мене ми е тој дел интересен за онака casual шетање без брзање.. Белата кула е интересно да се посети, и да се види одредена историја од нивен агол :)

За рестото ти одговори Зеро :)

Инаку има еден дел од Солун, што јас го споредувам со наше Дебар маало, каде што е полно со кафаници и ма супер атмосфера, поготово за навечер.

Исто има една место каде што има посебно добар суфлаки и гиро (ќе ти напраам пин на гоогле мапс подоцна).

Паркинг во Солун мене ме чинеше во Саботата 7 еур за 2.5 часа (паркирав на еден од платените паркинзи во центарот).

Обично паркирам на паркинг поред кејот ама на сам почеток од десна страна (ќе добиеш пин исто подоцна :) ), и таму е поевтино нешто.


Ако те занимаат продавници за точаци во Солун, исто кажи :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29154
    • CARclub.mk
Одг: Делови од Грција
« Одговори #19 на: 01 Мај 2014, 17:58:38 pm »
Местото за кое што збориш е Лададика, на крајот на Тсимиски (односно на почетокот, гледано од наша страна). :)

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Делови од Грција
« Одговори #20 на: 01 Мај 2014, 18:04:26 pm »
Се гледа кој ја разбира

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 670
Одг:
« Одговори #21 на: 01 Мај 2014, 19:22:15 pm »
Бесплатен паркинг во Солун имаш во кинескиот кварт( на семафорите кај железничката станица десно) али имаш за пешачење до центарот околу 1 км.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Делови од Грција
« Одговори #22 на: 01 Мај 2014, 20:04:06 pm »
Во кинескиот кварт има и други интересни работи

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6643
Одг: Делови од Грција
« Одговори #23 на: 01 Мај 2014, 20:12:34 pm »
Дададада :) Само не се шетај со женска :)

Отсутен Suzuka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Делови од Грција
« Одговори #24 на: 01 Мај 2014, 20:34:41 pm »
Дададада :) Само не се шетај со женска :)

Не е страшно ако шеташ со женска :)
Али убавезно да не заборавиш само што ке симниш од кола да смениш гардероба



Пошто тоа е Кинески кварт сигурно ке има некој за: Fu Jow Pai

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Делови од Грција
« Одговори #25 на: 01 Мај 2014, 20:49:02 pm »
Не го разбра муабетот одма ка тепачка мислиш

Отсутен smole

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2943
Одг: Делови од Грција
« Одговори #26 на: 01 Мај 2014, 20:57:50 pm »
Местото за кое што збориш е Лададика, на крајот на Тсимиски (односно на почетокот, гледано од наша страна). :)

Ќе застанеш така што фонтаната да ти биде позади грбот а со фаца да гледаш во насока на морето.

Пред тебе ќе бидат 2 кафани - лево и десно. Влези во десната која се вика Τηγανιές & Σχάρες (Тавчиња за пржење и решетки од скара) - ова им е менито  http://www.tiganies.gr/menu.html, јас зимам  бело вино (Рицина Маламатина), грчка (хориатики), пржени тиквички (колокотаки), таратур (ѕаѕики) и кукурек (кукуреци).

Цените се нормални. Таа до нејзе (левата) незнам како се вика, последниот пат седнав таму али ем е поскапа ем не е толку дибра храната.

Thank me later.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6643
Одг: Делови од Грција
« Одговори #27 на: 01 Мај 2014, 22:11:00 pm »
Не го разбра муабетот одма ка тепачка мислиш
Битно ние се разбираме :) :) :)

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Делови од Грција
« Одговори #28 на: 01 Мај 2014, 22:13:50 pm »
А шо е работава, да не крадат женски таму? ;D Да си појди тој што има мака

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6643
Одг: Делови од Грција
« Одговори #29 на: 01 Мај 2014, 22:15:54 pm »
Спреми 30 евра и бирај :)