Баш би сакал да ми објасниш подетално за двете точки: Подобра и покомплетна. Ете, маркетингот и тебе те боде у ребра, викаш дека се топ сувови
Џулиа е купе со 4 врати затоа што задните врати се бескорисни за реално користење. Стелвиото управува исто добро како Џулиата а има доста повеќе простор насекаде. И двете не се дораснати на конкурентите во инфотејнмент и некои други технолошки работи.
Не постои фејспалм гиф доволно јак да го опише моето чуство во моментов Очигледно не си имал допир со двете возила сем на слики од интернет и од далеку низ град што си ги видел
BTW, Инфотејмент системот не игра улога во компарација на двете возила пошто е исти.
Двете коли ги имам возено и меѓу нив две подобар и попаметен избор е стелвиото. Истото не можам да го кажам дека X3 е подобар избор од Ф30, различен избор е тука. Инфотејнментот и другите технологии играат улога кога го споредуваш со конкуренцијата.
Баарем да си се возел, а не па да си возел Giulia, немаше да ги оцениш задните врати како неупотребливи и да го наречеш „купе со 4 врати“, затоа што позади има простор за нормални луѓе, за разлика од некои други возила.
Да си се возел, а не па да си возел Stelvio, ќе знаеше дека на задна клупа (а и на предна богами) место за глава има речиси исто како во Giulia.
За возните карактеристики да не зборуваме, Giulia има комплетно цврсто лимузинско возење, а во Stelvio дури и малку незгодно е зошто е крут за SUV, и ако знаеш малку геометрија и физика, ќе знаеш зошто на повисоко седење врз подвозјето, со поголем интензитет се пренесуваат нерамнините врз шоферот и патниците, а тоа на нашиве несовршени патишта е полошата варијанта.
Така да, барем за Stelvio i Giulia си на мој терен и тролаш само без потреба. Не викам дека Stelvio е лош компактен SUV, според мене е еден од подобрите, заедно со на Jag кломпата, ама Giulia нуди класа подобро возење. Да, навистина, не можеш фрижидер да пренесеш од Техномаркет, а со Stelvio-то можеш. И тука завршува секоја предност на Stelvio во однос на Giulia.
Геџетарија од Infotainment системот е нешто што мене лично најмалку ме интересира во drivers oriented возило, на некој друг може да му значи нешто, али мене ми е доволно што има android auto и apple carplay поддршка и harman kardon аудио систем. Доволно инфо и ентертејмент од infotainment системот е за мене во кола. Дури и премногу. Не гледам некој друг елемент од другите конкуренти што би го направиле возењето попријатно. А, да, и фала богу што нема дигитален инструмент кластер.