Вака..без да навлагам во муабет колку и како би ја менувал кривата на еквилајзерот зависно од музички жанр би дал конкретен пример:
По дома користам 150 watt 12 инчен сабвуфер со два knob-а : eden e VOLUME, вториот е ACTIVE CROSSOVER кој лимитира горна граница над која бас фрекфенциите не треба одат во саб вуферот.
1.Зависно од музиката/фимот која го слушам прво често го подесувам VOLUME knob-от кој варира од 30% до 50% оптеретеност, додека активната скретница ми е секогаш на минимум ( што значи само најдлабоките фрекфенции да одат во вуферот.)
Во конкретниот пример ги имам овие 2 албума на оригинал ЦД.
Без да навлагам во менување на кривата на еквилазерот зависно од музичкиот жанр, во примеров погоре тврдам дека за албумот подоле го гасам саб вуферот скроз.
Зошто?
1.Првиот албум е сниман во 60 ти години и звучи како што звучи својствено на времето кога е сниман.
2.Вториот албум е модерен, сниман во ерата на loundness wars каде басови, високи и општо генералната гласност на продукцијата е многу поголема, звукот многу покомпресиран со многу помала динамика на начин што практично е невозможно овие два албума да се слушаат на еден универзален eq сетинг, покрај фактот што вториов звучи многу полошо ако уклучам саб.