Автор Тема: Ваши забелешки, проблеми, предлози  (Прочитано 757069 пати)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4500 на: 13 Септември 2016, 08:20:43 am »
Сите мејлови, буквално сите, што ги добивам при нов одговор на темите што ги следам ги добивам како спамови. Ова е од пред два дена, претходно беше пола - пола. Премногу случајности.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4942
  • The Spartan General
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4501 на: 13 Септември 2016, 09:03:41 am »
Сите мејлови, буквално сите, што ги добивам при нов одговор на темите што ги следам ги добивам како спамови. Ова е од пред два дена, претходно беше пола - пола. Премногу случајности.

Ако си на Gmail, зошто едноставно не ставиш филтер дека не се спам?
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4502 на: 13 Септември 2016, 09:11:26 am »
Од кај да знам дека не се спам?

Само од форумов добвам спам мејлови, од ниту еден друг форум.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29154
    • CARclub.mk
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4503 на: 13 Септември 2016, 09:12:12 am »
Пријавен е проблемот, се надевам дека во текот на денот ќе средат. :) Благодарам! :)

Отсутен lans

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4504 на: 10 Октомври 2016, 01:12:13 am »
samo kaj mene e vaka?
VW Passat 2.0TDI 2015
Skoda Fabia 1.2TSI 110PS DSG7 2016
Honda SH150i  2020

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4505 на: 13 Октомври 2016, 22:56:58 pm »
Јас имам забелешка до неколку членови(пола и више) на форумот. Доаѓаат нови членови, ни јас не сум некој стар член, ама не верувам со ку*чењето и паметувањето на неколку членови дека новите ке останат на форумот. Мислам дека форумот е за дружење, комуницирање, помагање(НЕ ОДМАГАЊЕ), а не за бош муабети и паметување. За бош моабет имат подфоруми од типот на рекла казала, ама оффтопици литат на секоја тема, наместо да се помага на почетници па и на другите членови, тие го дрват на кој е поголем(ДЕМЕК ПОПАМЕТНИ СЕ). Сега, разбирам од шала и зајбанција чат пат, ама ова веќе не е форум за дружење, ова испадна форум за ку*чење. А до пред година-две курајберите што уништуваат секоја тема, истите прашања ги поставувале како и почетниците. Дај малце олабавете бре луѓе, досадни сте со глупирање, ако можете да помогнете на некој, помогнете, што фајде имате ако му наштетите. Ако не знаете или не можете да му помогнете, воопшто ни не коментирајте. Порано имав и јас проблем со неколку членови бидејќи реков одредена марка на кола е срање(вистината чатпат боле јбг), тоа е лично мое мислење а верувам и доста членови се согласуваат, ама тоа е лично мое мислење и мој вкус што никој не може да го смене. И резултат на тоа, ако некаде погрешам нешто(буква, збор, билошто), тие наместо да ми одговорат доколку знаат(и да знаат не кажуваат, да му умре козата на комшијата), тие ти се фаќат за јаја и отечуваат со бош муабет(офф топик).  Пријателкси совет до ку*ајберите, дечки оладете малце, мавнете го еднаш-двапати дневно, излезете бркајте женски, правете се фраери на женски(ако имате со што), смешни сте па и патетични, уште го мавате на форум...

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17279
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4506 на: 14 Октомври 2016, 01:04:58 am »
Темава е жалби и поплаки. За драмска секција немаме тема сѐ уште.

За вакви работи има копче "Пријави на модераторот" кое ги поттикнувам СИТЕ членови да го користат кога нешто ќе им пречи.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33898
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4507 на: 14 Октомври 2016, 09:18:43 am »
Ти ги поттикнуваш сите членови ама не лижат сите од нив кај модераторот, затоа и не им функционира копчето.

tjolie e е сосем во право со постот. Не е дека треба 50 души да пријавуваат ист пост кај модераторот туку треба правила да се постават. Пријави на модераторот се користи како последна мерка кога некој не ги почитува правилата на форумот па треба да му се скрене внимание на модераторот. После пријавата треба да следи опомена или санкција, така да копчето воопшто не е за таа намена за која зборуваш. Башка нема што да се употребува ако некому пречи, пошто што и да сепише, на било која тема, некому ќе пречи. Секој треба да биде активен на форумот дури и кога постови му пречат а не да плаче ко дунда, но под услов да постојат правила и да се почитуваат.

Модераторот треба да обрне внимание на поставување на правила и осигурување дека правилата ќе се почитуваат а не да брише рандом постови од рандом курајбери.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4508 на: 14 Октомври 2016, 09:55:49 am »
Темава е жалби и поплаки. За драмска секција немаме тема сѐ уште.

За вакви работи има копче "Пријави на модераторот" кое ги поттикнувам СИТЕ членови да го користат кога нешто ќе им пречи.



Срцка, да знаеш само колку ми е гајле само... мислев малце ке се свестат ке чукнат тиквите, ама џабе, дрво си е дрво не може метал да биде. Кој си ја има муата на глаата сам си ја брка. Доволно ми беше година дена да видам кој што и каков е, лижогасци имало одсекогаш и ќе има. Мислев само членовите малце да бидат помеки и попријателски со поновите членови, ама џабе зборам. Сеедно ми е, јас ги знам правилата и ги почитувам, а како администраторите ке си ја вршат нивната работа(сепак е нивни форумот) тоа си е пак нивно. Додуша не се ни они криви, ни па можат нешто да направат повеќе, мислев членовите да го прочитат постот и да оладат, ама како и секогаш кога нешто не ви одговара, му наоѓате маана.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17279
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4509 на: 14 Октомври 2016, 10:52:01 am »
Пишувај по име и презиме и конкретно што ти згрешиле, кога веќе сакаш буквално да ги следиш правилата. За вакви општи постови ти гарантирам дека на никој не му се ј*бе ни 2%.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4510 на: 14 Октомври 2016, 11:10:43 am »
Другарче, темата како што знам е за тоа и секој има право на свое мислење да напише што мисле дека треба да се поправе во врска општо со форумот. Не сум тужибаба, ни па сум замерил на некој лично(јбг сите сме различни), ама доволно е 1год видов кој и што е. А дали нешто мојот пост ке смене или не, ич не ми е гајле, не сум јас ни админ, ни модератор, ни па сакам да имам билокаква врска со форумот, не лижам гз на никој, само дадов свое гледање и мислење во врска со форумот. Дали некој го е гајле или не, тоа си е ваше, јас сакам само повеќе дружење и почитување на сите членови, ама тоа си е па мое.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10887
  • 430i
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4511 на: 14 Октомври 2016, 13:33:13 pm »
кога веќе даваш забелешки, тргни од себе и пробај да избегнуваш  фрази како
Цитат
мислев малце ке се свестат ке чукнат тиквите, ама џабе, дрво си е дрво
Цитат
мавнете го еднаш-двапати дневно, излезете бркајте женски, правете се фраери на женски(ако имате со што)
барем во темата каде им забележуваш на другите

а кога спомнуваш мува/капа, курчење/паметување, не заборавај дека до вчера во потпис ти стоеше Alfa is a shit, BMW is the shit
тргни од себе, па продолжи понатаму

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4512 на: 14 Октомври 2016, 14:31:28 pm »
да тоа намерно го ставив пошто ми скурчи од курајберите, али тоа беше ден два, ама ете ти си го забележал, а верувам не си ми помогнал никаде и да си знаел и не, но битно потписот си го забележал. како што кажав кој ја има муата на глаата сам си ја ишка.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10887
  • 430i
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4513 на: 14 Октомври 2016, 15:21:03 pm »
ти помогнав како не, те научив дека Кастрол е со ’л’ на крај, а не Кастро
ама ти не го цениш тоа туку мислиш дека некој ти исправал граматички грешки ;)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17279
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Ваши забелешки, проблеми, предлози
« Одговори #4514 на: 15 Октомври 2016, 01:03:18 am »
Не разбирам како ти настапуваш со таков негативен став, кај што ти скурчува од луѓе што не си ги запознал, и пишуваш такви глупости како цитираните, а очекуваш пријателска атмосфера и меѓупочит.

Безброј пријателства се родиле благодарение на форумов, лично јас стекнав многу другари од тука и слободно можам да кажам дека мојот живот во Скопје како студент ќе беше многу помизерен да не беше форумов и да не беа другарите стекнати тука.

Со Спенсер се запишавме заедно на факултет, со Дени сме иделе на тест возења по салони, со Баги возиме точаци, шетаме по планини, со ARMEX сме седеле со саати муабетејќи, Мечето додека бев во Битола ми залепи листови со натпис "фрижидер" на Алфата... Ќе ме извинат многуте што ќе ги пропуштам, ама стварно се многу. Сите тука се расположени за дружба, затоа се всушност членови. Проблемот е што ќе настапиш така агресивно, шерифски, и одма се губи желба за помош, дури и да знае некој да помогне.