Предлагам администрацијата да преземе нешто во врска со подфорумот огласи на форумот. Значи има многу работи кои не се никако поврзани со автомобилизмот. Секој продава што стигне. Ако малце пролистате огласите, ќе видите дека половина од нив се за телефони, плацеви, компјутерски делови и слични работи.
Предлагам да се забранат такви огласи или да се отвори нов подфорум за неавтомобилски ствари во соодветните подфоруми Купувам и Продавам. Ќе се добие многу на прегледност и сериозност.