Инаку, викендов бев во Охрид, на враќање кон Скопје бев совозач во ново Clio (колата во друга тема ќе ја опишам).
Си се возев во 2019та Clio 1.3 турбо бензинац. Не сакам многу многу француски возила, ама ми се врти во глава бидејќи беше ново
ново. Барем моделов во кој се возев имаше триста гаџети и тракатанци во него за така мало количе.
Дигитална шалт табла, фабричка навигација, lane assist, команди на волан, темпомат, камери и сензори за паркирање напред и назад. Си повлеквит примерно, ќе те извади во тесни ситуации кога треба за престигнување, многу добра звучна изолација.
Не ми се допадна како си сместен во седиштето, не дека беше платно, но беше доста рамно, не беа „кади“ седишта како што сум навикнат. Исто не ми се допадна кога ќе ги испружиш нозете во совозачкиот дел, подот продолжуваше нагоре дијагонално. Јас сум мал човек генерално, ама ако си повисок ќе пречи тоа посебно на потколениците. И се разбира, си беше во пожар боја