Автор Тема: Фарбање  (Прочитано 181944 пати)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6474
  • French diamond
Одг: Фарбање
« Одговори #30 на: 16 Август 2013, 14:03:07 pm »
Како да се решам од овие "дамки" што ми се појавија на маската вчера, фарбана е со мат спреј и како што гледам овие дамки се појавија на местата каде што ја истружив старата боја на нула. Да ги поминам пак со 800 водена па уште една рака спреј ќе има корист ?






Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2950
Одг: Фарбање
« Одговори #31 на: 16 Август 2013, 14:13:55 pm »
ако стругаш т.е одстрануваш боја до нула треба да го правиш на цел дел во твојот случај маската.
Па да ставиш подлога за фарбање ако треба и кит за да дојде идеално рамна/мазна површина
Ти најверојатно делумно си ја одстранувал бојата тоа како на флеки и не си ставил никаква подлога после тоа него директ со боја

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6474
  • French diamond
Одг: Фарбање
« Одговори #32 на: 16 Август 2013, 14:16:04 pm »
Па не е делумно стружено, цела маска е исто стружена само на некои места излезе бојата (рабови, испакнатини) и ете сега како ме зафркна... и да немам подлога ставено, лом беше маската па сакав само со стружење и спрејче да заличи на нешто.

Сега поправање како ?

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2950
Одг: Фарбање
« Одговори #33 на: 16 Август 2013, 14:22:15 pm »
епа кај што се нерамнините треба да ги исправиш, ако ти е пласнична маската (претпоставувам дека е) ќе земеш пластичен или жолт кит и ќе работиш. НО не треба да ставаш многу кит пошто ќе ти испука од вибрации. После тоа ќе ја испрскаш со филер па и тоа ќе го стругнеш со водна шмиргла и тек на крај фарбање
Ако незнаш и ако толку ти смета иди кај некој фарбар за еден ден ќе ти направи

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9217
Одг: Фарбање
« Одговори #34 на: 16 Август 2013, 18:54:12 pm »
старата боја ти ја копа новата,шмиргал ако треба и со 400ка,цела боја и старана и нова да ја извадиш од маската,па после пластик прајмер па тек после тоа боја и ќе немаш гајле

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2515
  • Дете Битолчанче
Одг: Фарбање
« Одговори #35 на: 17 Август 2013, 22:23:52 pm »
Па не е делумно стружено, цела маска е исто стружена само на некои места излезе бојата (рабови, испакнатини) и ете сега како ме зафркна... и да немам подлога ставено, лом беше маската па сакав само со стружење и спрејче да заличи на нешто.

Сега поправање како ?

стружи на ново па пластик прајмер и фарбање, или ако сакаш ела ке му фрлиме една рака демолче ке излези се ... :)
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 509
Одг: Фарбање
« Одговори #36 на: 17 Август 2013, 23:08:02 pm »
биди жив здрав... сите прават утки при фарбање на почеток...
хуху... мене ми истече од канчето на пиштолот на хауба кога го фарбав 101от и го метнав пиштолот на кола во знак на револт...
и после... бриши пак од ново... до ден денес ме ремети другар ми што ме гледаше...


ПРАШАЊЕ бр 1... не гледам убаво на сликите... она се нерамнинки што се гледа или дамки од фарбање...

Одговор 1: ако се нерамнинки... најефтина варијанта малце кит заедно со уцврстувач помешан го раствараш со боја (билокаква, колку за растворот) и разреџивач.... така го нанесуваш со четче и ги пополнуваш дупчињата... ПА РАМНИШ, ПА ФАРБАШ... тоа е наједноставно....

Одговор 2: ако се дамки испакнати... стружиш , па фарбаш...


Или сето е ситни дупчиња....???
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10567
Одг: Фарбање
« Одговори #37 на: 17 Август 2013, 23:16:21 pm »
Kaj може на Астра Х да се прочитата која шифра е бојата?

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10567
Одг: Фарбање
« Одговори #39 на: 17 Август 2013, 23:36:09 pm »
Фала!

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9217
Одг: Фарбање
« Одговори #40 на: 18 Август 2013, 00:17:28 am »
никако демол на пластика

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6474
  • French diamond
Одг: Фарбање
« Одговори #41 на: 18 Август 2013, 03:42:56 am »
Стара боја се лупеше и од тоа беа нерамнините. Ја истружив пластиката кај што имаше такви дамки со 800 водена шмиргла и ја прснав по трет пат... поголем број од нив ги снема, остана уште малце на некои места ама засега арна е, нека тера дури тера.

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2515
  • Дете Битолчанче
Одг: Фарбање
« Одговори #42 на: 18 Август 2013, 06:25:09 am »
никако демол на пластика

зошто ?
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9217
Одг: Фарбање
« Одговори #43 на: 18 Август 2013, 09:07:42 am »
на штопот ми направи беља,цел со флеки го остави,на пластика од внатрешна конзола ми направи реси,па требаше со шмиргла 80ка да ги вадам,од тогаш демол на пластика никогаш веќе

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2515
  • Дете Битолчанче
Одг: Фарбање
« Одговори #44 на: 18 Август 2013, 09:20:24 am »
јас имам чистено браници, раткапни и останати ситници не сум имал проблеми ...

секако демолот не го оставам да седи повеќе од 2-3 минути :)
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D