Автор Тема: Однос кон купувачите во салоните на автомобилските импортери  (Прочитано 53040 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3595
Денеска баш гледав едно вакво предобро е. Штета што БМЊ имаат толку лош дистрибутер у мк.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54666
  • Махер
Зошто е лош? Знам, ама сепак за твојот впечаток прашувам.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3595
  Зошто работат како да немаат интерес, како да не сакаат да продадат кола. Еве лично 2009, јас кога бирав кола бев и кај нив да се распрашам за тројката(иако знаев се за неа но друго е во салон) и кон мене се однесуваа претерано незаинтересирано, секој збор со клешта им го вадев наместо они сами да ја фалат колата. Сеа дали беше заради возраста, или заради што одев со погрда кола незнам но така нетреба да се однесува никој со потенцијални муштерии. Еден од полошите приеми во салони таму го имав(кога бирав кола) Никој не седна со мене да објасни кој коли на лагер ги имаат, кој ќе стасаат у блиска иднина, колку и каков попуст има иако за сето тоа прашав. Им оставив телефон и меил за конткат но ништо од нив. За разлика од некој салони кој знаат и до ден денешен да испратат актуелна понуда, флаер... (цитроен, опел) Исто така иако прашав за тест возење не добив. А може ако покажеа заинтересираност, ми дадеа на вожња сега Е92 ќе возев.
  Сега еве и за новава 3ка, им пишав на страната што имаат посебен формулар барање тест возење, го пополнив со барање дека сакам ја пробам новата 3ка, од нив ништо. Ми пратија еден ценовник само на меил и толку. Ако сакав ценовник, ќе побарав ценовник, не тест возење. Е сега може јас немаше да ја купам, но од 100 души ако пишале, еден може ќе го бендисало ептен возењето и ќе ја купел. Но вака ако не ја проба, нема што да го бендиса.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54666
  • Махер
Шпекулирам заради возраста. Или продавачот. Према мене биле сосема во ред, како према купувач.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14006
  • Пудингот на шоферството
А ти па многу постар од Саше. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54666
  • Махер
Па рачунај дека е помал, а и искуството му е од пред Аудито... 20 години имал едвај.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3595
Никогаш нема да дознаам тоа :) , иако не бев воопшто загреан за БМЊ зошто не ми се бендисуваа внатре воопшто. Но ако ми дадеа да повозам може токму возењето и перформансите ќе ме убедеа да заборавам на грдата внатрешност, седиштата и другите работи кој не ми се допаѓаа. Сега еве со новава тројка наместо интензивна промоција, тест вожњи на тие што ќе побараат како што правеа Тојота со ГТ-86 они ништо. Смешно е што во Македонија Ауди продава повеќе коли од Мерц и БМЊ собрани заедно, сигурен сум дека тоа има голема врска со продавачите и односот во салон.

Еdit: Мал бев Мече :)  Аудито кога ми го земаa бев стар 18год и 1 мес.  И поголемиот дел од впечатоците за продавачите на БМЊ ми се од тогаш. Сега не сум заинтересира толку за кола па не ни покажувам посебен интерес во салоните. Иако 2-3 пати сум бил да ја видам новата БМЊ 3ка гледам дека се немаат многу променето работите. А барањето за Тест вожња на F30 кава ми е пред 3 недели испратено.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Што има врска дали е голем/мал, сељак/несељак, маж/жена.. сите се муштерии и треба да се третирани како такви, затоа што од нив зима плата.
Неможе да ги двои и да проценува кој е потенцијален купувач, еве и видео пример:


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14006
  • Пудингот на шоферството
Ете Игор кажа шо треба и како треба.
Тоа шо си бил мал незначи дека не си бил спремен да купиш кола(да ти купат де  :D),тоа само докажува на нивното ограничено размислување.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54666
  • Махер
Обично деца замараат само... И добиваат соодветен однос од продавачиет ЗА БИЛО ШТО. Ова сум го искусил низ животов безброј пати. Не само за коли.

@Igor, јас би играл вака. :) :) :)


Детето сум јас. :)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Па Иво Евото го зема мислам на 16-17 години. Да отидеш со тие години во салон ќе треба да те избркаат на клоци (по логикава на бмв во случајов). ;D
Ама после кога ќе видат дека можеш да ги купиш заедно со салонот, ќе заќутат одма.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11685
  • Архитект
Тие двајца, а јас и бате сами.

Некој со тато под рака си купил кола повеќе од 270 коњи.
;)

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3016
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Коа више збориме за услуги по салони, кога го носев прв пат гетцот на сервис имав 18-19 години. Требаше да чекам 30-40 минути и си викам ај ќе се качам горе до салон. Влегов и кулутрно добро утро, повелете. Им кажав да разгледам, ме прашаа што те интересира и тогаш чинам искочи IX20 и ми беше интересно да го видам и плус И30-ката сакав да ја разгледам. Дечкото не ни знаеше дека чекам кола у сервис, туку почна да ми кажува инфо за колите и да ми вади проспекти. Му кажав дека не сум толку заинтересиран за кола и дека си ја чекам мојата доле и ми рече у стилу ако де чим те интересира нешто прашај си. И така фино лепо си ги прошетавме колите ми објасни и некои работи што ме интересираа. Можеби глупо е да си праи споредба меѓу салон на БМВ и Хјундаи, ама па баш у БМВ треба да бидат попрофесионални.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4624
  • Муфљуз
У БМЊ идат на „Шо те ебам“ пристап.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Tommy

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6946
Услугата во салонот во 70% од случајот зависи со што кола ке се паркираш пред салон...