Не бе дека не чиниш, гајле ми е мене што ќе пишеш за Ауди или било кој бренд на светов. Едноставно знаеме дека не ги сакаш, имаш кажано 1000 пати, па мислев дека има некоја лична омраза кон одредени брендови која што сакаш да ја прошириш и да ставиш до знаење јасно. Нешто слично како дечкото што го руга плацот од Тетово од каде што го купил BMW-то и е заколнат на вечна борба против тој плац. Нешто слично како Бетмен против Џокер што е.
Не бе брат, немам лична омраза. Дури и би возел некое некогаш. Едноставно јајцата ми се потечени од тоа Ауди тука и затоа така. Башка, не греши душа, бајаги време немам ништо пишано, далеку од тоа дека не пропуштам шанса. Али јебига, и онака нема поента моето членување на форумов. Не се испушта скоро ниедна шанса за некој да ме задева зошто сум возел Спарк, возилото кое вие сите го мразите од некоја ваша причина. Што и да пишам е предмет на закачка. Тоа е, таков впечаток сум си створил тука па и не не неочекувано. Така да прашање на време е кога ќе форматирам компјутеров па форумов веќе нема да ми се покажува во најчесто отварани сајтови, па нема ни да го отварам. И онака 90% од комуникацијата ми е преку приватни пораки и ја терам преку Тапаток. На многу луѓе им е веќе јасно дека на форумов нема веќе простор за дискусија па немам ни потреба да листам страници. Кому му требам ме бара на приватна порака.
За да не бодам очи еве не коментирам. Нема ни да приметиш дека ме нема, може и омраза помалку ќе се шири. Нели?