Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1179374 пати)

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10033
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5910 на: 15 Септември 2018, 08:28:11 am »
Како кременадлата кога е ПРЕсолена ;D

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6884
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5911 на: 15 Септември 2018, 09:42:32 am »
Убавини, браво.... Да се замисли човек да си купи чамец/кајак и да ужива.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4703
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5912 на: 12 Декември 2018, 15:52:28 pm »
Препорака за рута до Наполи? Идејата е траект од Албанија до Италија па вожња до Наполи, а таму ќе имам локален водич. Е сега по кој пат да фатам прво до пристаниште во Албанија?


Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6423
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5913 на: 12 Декември 2018, 17:22:36 pm »
Скопје - Струга (Ќафасан) - Елбасан - Тирана - Драч и од тука траект до Бари и потоа Бари - Наполи.

Едит: Според гугл мапс, како подобра идеја го дава и преку Косово, односно преку Призрен и по автопатот низ Албанија. Иста километража е, ама според гугл мапс вели дека по тој автопат ќе стигнеш 1 час побрзо (за 4 часа и 30 минути) него преку Ќафасан (за 5 часа и 30 минути).

Како и да е, од Драч до Бари ти треба траект.
« Последно менување: 12 Декември 2018, 17:32:09 pm FiLo »


Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43342
  • Il Moderatore
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5915 на: 12 Декември 2018, 20:17:21 pm »
Ја би напраил мала исправка, цепај горе до приштина по автопат, па фати си го автопатот за тирана. 40км е подолго, временски е исто, а цело време си на автопат, од качаник до драч.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6643
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5916 на: 12 Декември 2018, 20:47:47 pm »
Немаш гајле слушај тука експертите, акај се по граници дупло.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4703
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5917 на: 12 Декември 2018, 20:57:24 pm »
Баш тоа гледав дека и viamichelin и gmaps ја препорачуваат рутата преку Косово. Преку Струга сум бил до Драч пред 10тина год, патот беше ужас, сега не знам дали е направен, ама би возел повеќе км и преку 2 граници за да не кршам кола.


Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6423
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5918 на: 12 Декември 2018, 21:14:21 pm »
Косово-Албанија јаките граници.

Имаш гугл стреет вју од 2016 година и во Албанија, го има баш патот Ќафасан-Елбасан, Тирана Драч можеш да си видиш во која состојба е.
« Последно менување: 12 Декември 2018, 21:25:05 pm FiLo »

Отсутен smole

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2938
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5919 на: 12 Декември 2018, 21:35:52 pm »
Летоска бев до Будва преку Косово и Албанија, во Косово цело време е автопат минус ~10-20км од наша граница, Албанија до море е автопат, на границите нивни кога проверуваат пасоши кога ти даваат лајкче за да шибаш, милина. Автопатот во Косово е топ, и во Албанија не е лош, е сеа возат лудо па треба да се пази.

Бев пријатно изненаден, во Косово има топ бензински, има и Шел огромни, WiFi, чисти WC, снабдени доста, плин имаа едино за метан не приметив. Во Албанија бензинските се далеку полоши.

Отсутен Bender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
  • GSM Servicer
    • Premier Сasual Dating - Real-life Females
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5920 на: 13 Декември 2018, 00:35:10 am »
Јас забегав 10тина дена во Португалија почеток на Ноември и супер си поминав, доста евтина држава, рент а кар за 10 дена ме фати 282еур со сите давачки вклучувајќи само патарини 60тина евра, 2 пати полнење бензин по 50 еур и колата сама по себе рент 110еур и измислија некои премиум локација, тајминг трошоци по 3-5 еур али во секој случај супер си поминав. Со оглед на тоа дека ме фати неполни 800еур за двајца а прошетавме Faro таму слетавме, Quarteira и Albufeira тука преноќивме 3 дена за ич пари во супер хотел, потоа Portao, Benagil, Portimao и Lagos уште една ноќ каде има предобри пештери и природа и потоа кон северот Sines и Lisbon 3 дена и Porto на винце уште цели 2 дена, третиот се спакувавме и летнавме за Брисел назад.

Со сликање не се замаравме многу, да така еве 2 сликички, тие што немаат можност да патуваат преку Бeлгија/Германија транзит има директна линија од Софија со Визер, иако мене ме фати Скопје - Брисел 9еур + Брисел - Фаро - 18еур + Порто - Брисел 14еур + Брисел - Скопје 13еур авионски трошоци + уше 30тина за шатлови/возови.




Мене повеќе ми се допаднаа градчињата во југот, имаа некој медитерански шмек, гурмански наредени каде во една држава можеш да ги најдеш скоро сите култури од европа од добро вино, до добро сирење, маслинки, месо и некои нивни морски специјалитети па се до германски бургери, поховани глупости и се по цени да не речам дури и поефтини од Грција/Турција да така деф. една од најефтините Европски држави со богат капацитет за туризам.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4703
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5921 на: 13 Декември 2018, 07:32:05 am »
+1 За Португалија...од природа до инфраструктура до храна вино хаш све им е убаво и со пристојни цени...кротки, резервирани, културни луѓе и коректни во секоја прилика. Пред 3год мене ме кошташе 280е рента кар за 8 дена + 90е патарини + бензин за Seat Ibiza 1.2tsi...секоја чест како си извадил таква цена, можда ради сезона ја бев почеток на Август.


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4029
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5922 на: 13 Декември 2018, 11:07:25 am »
јас кога барав за Португалија во 2014 година,ама за Јули, доста скапи беа и хотелите (гледав со 4*) и рент-а-карот (околу 450 еур за 9 дена плус ти блокираат на картичка околу 1200 еур), и ме одврати од идење тогаш. Верувам дека со добро планирање однапред се проаѓа поефтино како и Bender што поминал.

Отсутен Bender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
  • GSM Servicer
    • Premier Сasual Dating - Real-life Females
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5923 на: 14 Декември 2018, 23:16:58 pm »
+1 За Португалија...од природа до инфраструктура до храна вино хаш све им е убаво и со пристојни цени...кротки, резервирани, културни луѓе и коректни во секоја прилика. Пред 3год мене ме кошташе 280е рента кар за 8 дена + 90е патарини + бензин за Seat Ibiza 1.2tsi...секоја чест како си извадил таква цена, можда ради сезона ја бев почеток на Август.

Јас поефтино ќе извадев на рент-а-кар, да ја платев одма колата ќе ми испаднеше некои 60еур, вака платив 110/120 нешо и + како што кажав измислија некои 20/30еур екстра премиум тајм, локејшн што не требаше али не се бунев. Моето беше ново Поло 1.0 али не се осеќаше дека е толку слаба реално + за назад им ја вратив со помалку од 1/4 бензин и тоа ми го наплатија како припејд гориво 55еур а сам да ја наполнев и со 40еур ќе поминев.

Е сеа да, јас бев ептен надвор од летна сезона, но сепак бев во споен викенд со некој јак католички празник, т.е. после божиќ и велигден, света троица нешо е кај нив и 4 дена неработни со се викенд и имаше гужви скоро секаде, да не речам само за рент а кар чекав некои добри 40тина минути а 4 шалтери работеа, инаку ги ловев преку рајанЕр апликацијата, има посебен дел за рент-а-кар, проблемот беше што најдов и многу поефтини компании по 5-8 евра од ден, но немаа опција да ја земам колата од Фаро и да ја вратам во Порто или најчесто го наплаќаа тоа екстра 150тина евра, да не одев по магистрали, ќе заштедев некои 50тина евра на патарини но патувањето ќе ми беше 4 часа повеќе а отидов да одморам.

Отсутен Bender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
  • GSM Servicer
    • Premier Сasual Dating - Real-life Females
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #5924 на: 14 Декември 2018, 23:32:21 pm »
јас кога барав за Португалија во 2014 година,ама за Јули, доста скапи беа и хотелите (гледав со 4*) и рент-а-карот (околу 450 еур за 9 дена плус ти блокираат на картичка околу 1200 еур), и ме одврати од идење тогаш. Верувам дека со добро планирање однапред се проаѓа поефтино како и Bender што поминал.

Па гледаш минималец и на нас не ни беше толку битно дали ќе сме сместени во поголем град, со добра инфраструктура, ресторани поради тоа што имаш флексибилност со автомобилот.

Исто така ми се допадна што паркингот за време на викенд е секаде бесплатен посебно јавниот, но јас и у работни денови си паркирав на јавен паркинг без притоа да платам пошо некако комплициран беше бар во Порто и Албуфеира и не ми стегнаа казна :D очигледно дека се помрзливи од грците и италјаните.

Се разбира, секоа патување прво го ориентираме според ефтини карти и си ги поместуваме слободните денови пред/по празници факт е дека на ден пред празник па и 2 дена пред празник е најскапо да леташ дури и година дена унапред да планираш, но ден после празник е најефтино или вечерта, некад ќе искомпензираш да одиш и до некој бош град као Фаро наместо Лисбон или Порто, некад ќе искомпензираш да полетуваш во бош време, као во Порто во 6 утрината полетувавме, што значи треба у 3:30 да тргнеш веќе накај аеродром, пред 5 да почнеш чек ин и рентген процедури, исто така и за пристигнување касно вечерта стигнавме и така начекуваш не толку атрактивни локации во лоши датуми со лош тајминг за 15еур :)

Хотели без паркинзи, во не централно подрачје но сепак со чисти и луксузни соби, убави ресторанчиња ако некад некој има прилика да оди во јужниот дел кај што се спојуваат морето со океанот, поточно во Албуфеира и Квадрира, овие два хотели се најдоброто нешто што ги имам видено за парите во Португалија.
https://www.domjosebeachhotel.com/ - quarteria
https://www.baltumhotel.com/en/restaurant.html - albufeira

во Лисабон и Порто бевме сместени преку пријатели што живеат таму и имаат пријатели кои рентаат еирбнб апартмани, од кој едниот цела зграда имал закупено со апартмани и ни испаднаа математиките по 30/35еур од ноќевање тоа им беше како такса некоја минимална ко кај нас шо би било 20еур, башка во срцето на градот каде немаш потреба од автомобил па ниту јавен превоз доколку можеш 20тина километри да ги испешачиш за 8-12 часа.

Ако сте гурмани, многу ми се допаднаа меркадата/пазарите каде имате секаков тип на овошје и зеленчук од медитерански до егзотични бразилски, еквадорски, перуански плодови со милион вкусови и скоро се ти е 1-4 еур килограм, дури начекав предобри маслинки за 3.5еур килограм што ни во Италија ни во Грција не сум очекувал за таква цена да добијам толку добар квалитет.
Во Порто се разбира, се оди на дегустација на вина, мушкатели (замена за ракија и жестоки пијалоци но сепак е вино) и сиренца :D

Вака изгледа просeчна тезга во Ноември


иако изненадија со доста вкусни медитерански сирења, имаат доста попримено и француска култура на храна и знаат убаво да ја измешаат со медитерански морски специјалитети за ич пари.

Доколку некој оди накај северот, обавезително да си пробате Франчезина :) за стабилизација на хлорестерол, масти и се што не ви треба во организмот.