Од мое скромно искуство во продавање кола тврдам дека многу маки си крати продавачот ако напише цена.
Мене со јасно напишана цена ми се јавуваа секакви, со инвентивни понуди како 2000 евра плус 2 електрични тротинети, замена за Корса од иста година ама со негова доплата, а имаше и некои немаа намера ни да ја купат, ама ја имале колава во младоста, па сакаа така во Недела навечер во 22ч да си напраат пола саат муабет со некој и да се потсетат на тие поубави времиња.