Honda Legend 3.5L V6 4х4 неувезено
Година: 2008
Гориво: Бензин
Километри: 95000
Сила на моторот: 217 kw / 295 ks
Продавам екстра луксузно возило: Honda Legend 3.5L V6, купено од Makpetrol - Honda, 2008 година со поминати 98000 km! Комплетна сервисна историја со сервисна книшка во Макпетрол. Возилото е буквално ново и го поседува највисокиот пакет опрема.
Возилото е како излезено од салон. Комплетно сервисирано и не бара никакво вложување без скриени мани или недостатоци.
Платено е 67,000Е, сега се продава за 15,900Е. Регистрирано до 06/2021 со зелен картон. Два клуча.
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=3623917
КОЛИШТЕ!!!!! Јапонска С класа, али немој експертите на форум ке ти речат дека за 16к евра ке се земе нова астра,цитроен ц5 и тако далље.
Колата личи одлично нема збор и верувам дека вреди за парите, само тешко се наоѓа купувачи за вакви типови на возила ( доколку не се Мерцедес, Ауди или БМВ) во Мкд освен ако цената не е ептен примамлива.
Реално во Европа освен овие три брендови, никој друг бренд немаше голем успех на пазарот со овие класи на лимузини ( примери: Пежо 607, Ситроен Ц5, Алфа 166, па дури и VW Phaeton немаше некој успех). Јас ако не би играл на Мерцедес, Ауди или БМВ, Phaeton-от би ми била друга единствена алтернатива за купување во класава. Сметам дека и дека повеќето производители набргу комплетно ќе се откажат од развој и производство на висока класа на лимузини и ќе се пре-ориентираат на луксузни СУВ возила како нивна замена. Играч од сенка ако сакаш до 5 години старо возило за слични пари во оваа лига (додуша возилото е во категорија Е-Класа/ 5ка / A6) би ти била Шкода Суперб.