Де бе дечки, 2020 стасавме уште малце ние уште праиме мубает коа ќе се расипела алуминиум било напред, тешко се мењавало, сервис 500 евра(инаку не е 500 евра, на моето е 500 евра точно мал и голем сервис). Незнам зошто коа купуваш кола одма се мисли кога ќе се расипе што ќе се случи Си ја купил да ја вози со мерак, кога ќе се расипе, ако се расипе, ќе си ја поправи и пак ќе ја вози. Не се купува кола немаш пари да ја поправиш кога ќе се расипе. Каква и да е.
Со здравје да си ја возиш @AUDI , многу безгрижни километри и да ја смениш за поубава кога ќе и дојде време.
131 e, 2001 година. 100%
@AUDI си купи сега, со здравје да си го возиш и да ни кажиш со колку брзини е твоето ?
Фала на честитките
@n1kola .
Минативе неколку недели видов неколку А4 Б6 модели,по сугестија на мајстори а и Влатко Митревски барав 1.9тди со 131hp и да е добар на менувач.Две возила се проверија со 6 брзински менувач и на двете менувачите им мелеа/бучеа,знак на истрошени лагери.
Ова што го зедов сега е со 5 брзини,разликата од оние со 6 е минимална,тие со 5 брзини при крузање имаат некои 100рпм повеќе од тие со 6 брзини.
Промена на ребрасти каиш со сите затегачи,ролери и водна пумпа чини околу 220-250е комплет.
Потребно е да се растури напред комплет,браници,фарови,ладник,перки за да се изврши промена.
Да ја промениш целата предница,сите рамена а се по 4 од тркало,значи 8 рамена колку што прашав се околу 200е.Е сега не откажуваат сите оддеднаш,кај мене има звук од предно десно тркало,скината манжетна.Овие денови кога ќе се менува манжетната ќе се види што треба да се смени,кое рамено или стабилизатор.
@Sase_91 Фала на честитките,па да си купиш поубава и понова од оваа сега што ја возиш