Купено за сопругата од „Сет“, Asus Fonepad 7.
7 инчи, IPS, две камери, телефон, прима две SIM картички, најнов андроид, со сите џиџи унутра... Не ми се верува дека чини само 7-и-нешто. Додуша, екранот не е толку добар ко на Lenovo 7' таблетот кој го зедов пред неколку месеци, ама е и понатаму многу добар, светлосни години подобар од другите кунг-фу-драстик-пластик евтини таблети. Батеријата супер држи.
Навистина не разбирам како може смартфон од пет инчи да чини типично повеќе од de facto смартфон од 7 инчи.
Ако некој неќе да мкне ем телефон ем таблет - топла препорака.