Не можам да се одлучам меѓу Самсунг Галакси А50 и Ксиоми Редми нот7 (телеком).
https://m.gsmarena.com/compare.php3?idPhone1=9554&idPhone2=9513
Мои дилеми:
Тежина и димензиими: ми одговара Самсунг.
Цена: ми одговара Ксиоми
Дисплеј? Побитно ми е да е поотпорен на гребење и банални паѓања.
Звучник/звук?
Да се земе во обзир дека речиси 5 години користев Алкател Идол3 5.5 и раката ми е навикната на сооднос тежина/димензии.
Безгрижност во поглед на дисплејот (неуништив)
Стерео звучници со одличен звук.
Некој совет од познавачите?
Имав и ја еднаш поодамна Alcatel Idol 4. Таков звук кај овие телефони нема да добиеш. Одма ти кажувам.
И ќе ти треба малце време да се навикнеш на доста поголемиот дисплеј.
Redmi Note 7 го имам од првиот ден кога го донесоа во телеком (значи околу 4-5месеци). Не сум компетентен да го споредам со самсунгот. Али конкретно за него можам да кажам дека е одличен, особено за парите. Одлична батерија, солидна камера, добар софтвер, лесно се користи и со една рака. Fingerprint сензорот е многу брз. Звучникот е ок (али пак викам не е како кај Idol-от). Екранот е IPS LCD, добро ги прикажува боите, убаво се чита на директна светлина, и за не дај боже сигурно поевтино би чинело да се промени наспроти AMOLED-от кај самсунгот.
По папири, у перформанси би требало да се доста слични...
Кога ќе дојде време да го продаваш, Самсунгот би држел повеќе на цена (ако тоа нешто ти значи). За Самсунгот би имал повеќе избор за додатна опрема од типот фолии, фитроли и ситници..
Така да, ако се прашувам јас, ствар е на вкус. Што и да земеш, нема да згрешиш. Тоа е тоа. Што повеќе ти легне, тоа земи го.
Sent from my Redmi Note 7