Го заменив дихтунгот на антената денеска. Оригиналниот беше цел испукан и почна да се рони.
Сакав оригинал да набавам, вака изгледа..
Најдов на Амазон, околу 900 денари, ама немаше шипинг до тука. Плус, требаше бааги да растурам, кровот од внатре требаше да го потспуштам, да отштрафувам..
Наместо тоа, набавив вакво..
Алиекспресс, 50-тина денари.
Вака испадна..
Не растурав ич, само го исеков стариот, и ова го навлеков. Не легна баш најдобро на дното, ама мислам дека нема да има проблем, пошто и онака има пад кровот. А може и силиконче една-две капки да му ставам, ќе видам..
Ќе ја заменам и антената, пошто и таа почнува да се рони на долниот дел.
Се јавувам во Олимпија Моторс, викам - добар ден, ми треба дихтунг за кровната антена, Астра Класик 2, кажувам број на шасија..
ОК, да видам и ќе те побарам, тој од таму.
Ете го, се јавува за 10-тина минути, ми вика - дечко, ова не оди само гумицата, треба цело тело да се менува, ама е малку скапо.
Викам - колку?
Ми вика, вака - за седан, без шприцкалката за перење на стаклото, 4000 денари. За хеч, со шприцкалката, 5400 денари.
Викам - молим? Се смее од таа страна.. За антена 5400? Фала, со силикон ќе си ја залепам.
Не ја лепев (сега за сега), ја заменив.
За пеевче, супер дојде. Задоволен.