Секако дека фабриките се прават таму каде што е поевтино производството - секоја компанија сака да прави пари, односно да ги намали трошоците. Дизелгејт е фактор, секако, но не толку голем колку што мислиш. Интересно е што продажбата на VW не опадна после дизелгејт. Тоа ти кажува колку (малку) просечнот купувач го интересира тоа.
Ти сакаш мотор и перформанси, огромен процент од (сегашните купувачи) ги интересира гаџетарија, економичност и еколошка прифатливост (не дека сакаат ова последново да ги интересира, туку им е наметнато да ги интересира).
Гаџетарија е соодветно следење на модерните трендови. Не е гаџетарија само во коли - гаџетарија се и телефони, и таблети, и мал милион други работи. Сосема е очекувано дека купувачите ќе ги сакаат истите работи во колите. Ти викаш гаџетарија, јас викам - корисни работи. Автоматско кочење во град, клима, темпомат, хендс-фри за телефон, итн. Прекрасни, секојдневно корисни и практични работи. Отварање гепек на копче е практична работа, командите со гестикулации во BMW се глупост, се согласувам.
За автомобилските кредити - да речеме дека се согласувам, ама кредитите се начин (скоро) секој да може да си купи нова кола. А тоа го гледам како добра работа - помалку загадување, побезбедни коли, итн.